Пешак се здобил со тешки повреди вчера во Скопје откако во него удрило патничко возило BMW HB, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Сингелиќ.
Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа во СВР Скопје била пријавена вчера во 20:30 часот а се случила на крстосница од бул. „Мајка Тереза“ и ул. „Елисие Поповски-Марко“, кога возилото BMW удрило во пешакот Ѓ.Ј. (58) од Скопје.
– Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобил пешакот. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје, наведуваат од МВР.