Шест грешки кои ве спречуваат да ослабете

Ако сте подолго време на диета, а воопшто не слабеете, можеби е време да ги промените правилата, бидејќи најверојатно ги правите следниве грешки.

Лесен доручек за почеток на денот

Слабиот прв оброк во денот може да го забави метаболизмот и да предизвика одредени хормонални промени кои го загрозуваат процесот на слабеење. Доколку не ги исполните своите потреби за хранливи материи по долга пауза од 8 до 9 часови, најверојатно на следниот пброк ќе бидете погладни и ќе изедете повеќе.

Внесувате само една група намирници

На вашиот организам му е потребна балансирана исхрана за да може правилно да функционира. Важно е да не гладувате и на организмот да му обезбедите основна количина на протеини, влакна и масти. Најлошо што може да направите е да го лишите од основната група намирници, вклучувајќи ги јаглехидратите и мастите, бидејќи тие ви се потребни дури и за слабеење. Изборот на безглутенска или вегетаријанска исхрана без некоја посебна причина може повеќе да штети отколку да користи. Држете се до основите на балансираната исхрана и основните намирници, но водете сметка за количината.

Не применувате контрола на порциите

Може да се префрлите од бел на интегрален леб, од рафинирано на маслиново масло и од пржени грицки на зрнести плодови, но поентата е да применувате контрола на порциите. Тоа што варијантите на кои сте се префрлиле се поздрави, не значи дека може да ги внесувате во неограничени количини.

Јадете рано, а со легнувате доцна

Најчест совет кај слабеењето е да не вечерате по 9 часот. Голем проблем кај ова е ако јадете вака рано, а си легнувате доцна. Затоа, вашиот организам природно огладнува после полноќ и тогаш е тешко да се одолее на искушението.

Не верувате во значењето на ужината

Важно е метаболизмот да ви биде во функција цел ден, па затоа треба да јадете почесто (мали порции), на секои три до четири часа во денот. Идеално би било да ужинате помеѓу доручекот и ручекот, со овошје или салата, а потоа помеѓу ручекот и вечерата. Долгите паузи помеѓу оброците може да доведат до скок на нивото на шеќерот во крвта, што доведува до пореметување во организмот и засилување на чувството на глад.

Не пиете доволно вода

Наместо да пиете доволно вода, правите сокови од зеленчук и овошје. Ова е веројатно наголемата грешка. Правењето сокови може да доведе до губење на влакната, а влакната претставуваат најдобра одбрана од складирање на мастите и поттикнуваат слабеење. Замената на водата со други пијалоци може да го зголеми внесот на калории, а пиењето вода помага во контрола на апетитот, бидејќи организмот некогаш може да ги помеша жедта и дехидрацијата со чувство на глад.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Фит

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more

Зошто е поважно да одржувате кондиција, отколку да слабеете?

Read more

Колку јаглехидрати треба да консумирате дневно ако сакате да изгубите тежина?

Read more
 

Магазин

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Читај повеќе

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Читај повеќе

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Читај повеќе