Авто новости

Шест грешки со кои го уништувате автомобилот

11. јули 2018 - 14:23 | М.Д.

Да се биде сопственик на автомобил не е едноставно. Потребно е да се води грижа за него, за сонот да не се претвори во ноќна мора. Многу луѓе, свесно или несвесно прават грешки во односот кон својот автомобил, односно не му ја даваат потребната грижа, а секој пропуст се враќа како бумеранг.

Во прилог прочитајте за шесте најчести грешки, преку кои сопственици ги уништуваат своите автомобили:

1. Игнорирање на „Check engine“ индикаторот

Игнорирањето на индикаторот „Check engine“ не е случајна грешка, која се појавила денеска, а од утре веќе никогаш нема да се појавува. Секогаш кога ќе се активира, потребно е да и се посвети внимание, бидејќи игнорирањето може да доведе до скапа поправка.

2. Нередовна замена на моторно масло и филтри

Моторното масло за моторот е како крвта за човечкото тело. Клучно е за правилна работа на возилото, па никако не се препорачува да се надминува фабрички пропишаниот период за негова замена. Многу сметаат дека само е важно во автомобилот да има доволно моторно масло, а притоа не земаат во предвид, дека со текот на времето состојките во маслото го губат својот ефект. Замената на филтри е исто така значајна, бидејќи филтерот спречува нечистотиите да навлезат во виталните делови од колата.

3. Не водење на грижа за состојбата на гумите

Немањето пари е најчест изговор зошто многу луѓе не водат сметка за староста и состојбата на гумите, туку само се фокусираат на длабочината на профилот. Секогаш е важно да се има во предвид дека целиот автомобил е во контакт со подлога, која се наоѓа на само неколку сантиметри од земјата. Безбедноста при возењето многу зависи од состојбата на гумите, а состојбата на гумите е директно поврзана со староста, длабочината на профилот и правилниот притисок.

4. Прескокнување на периодот за сервисирање на возилото

Произведувачот на автомобилот, распоредот за тоа кога треба да се носи возилото на сервис го прави со причина, па никакви импровизации не се добри. Инженерите кои се ангажирани за развој на поединечен модел на автомобил, добро се запознати со рокот на траење на одреден дел, па ако сакате да избегнете непријатни изненадувања, подобро е да се придржувате до она што тие го пропишале.

5. Лоша хигиена во автомобилот

Знаеме дека чистотата е половина здравје, па истото се однесува и за автомобилите. Многу е важно на време да се отстранат сите честички, кои по некој период би можеле да предизвикаат штета во автомобилот. Ова посебно се однесува на детално перење после зимски услови.

6. Вие сте невнимателен возач

Независно од тоа какви се условите на улиците, кон автомобилот секогаш треба да се однесуваме со внимание и почит. Сите нагли потези, непотребно нагло кочење, удари во дупки со голема брзина и слично, се потези со кои непотребно се зголемува потрошувачката на сите витални делови, односно му се нанесува трајна штета на автомобилот. Разликите можат да бидат такви што, автомобил со поминати 100.000 километри може да биде во многу полоша состојба од ист таков модел, кој е во добри и совесни раце, а има поминато 300.000 километри.

Коментирај