Шест корисни совети како да ја вратите страста во долгата врска

Во првите месеци од врската обично сè е мед и млеко. Разговарате со партнерот, излегувате и не можете да се разделите еден од друг.  Во долгогодишните врски страста лесно згаснува, а тоа се случува затоа што врската ја зематe здраво за готово.

Во секоја врска љубовта е најважна, но и страста исто така игра важна улога во одржување на истата. Има неколку начини како повторно да ја разгорите страста.

Напишете љубовно писмо

Можеби звучи клише, но не секој од нас знае како вербално да ги искаже своите чувства. Понекогаш се плашите како ќе реагира вашиот партнер. Доколку ви е полесно, напишете писмо. Не само што ќе му кажете на партнерот како се чувствувате туку и овој гест е многу романтичен.

Заминете некаде во природа

Заминете надвор од градот, за кратко заборавете на сите обврски. Исклучете ги мобилните телефони, лаптопот за работа оставете го дома. Времето поминато во природа ќе ви помогне да се опуштите и да се потсетите на убавите времиња на почетокот на врската.

Пробајте го хобито на партнерот/партнерката

Доколку досега не сте гледале фудбал со вашиот партнер, еве еден интересен предлог за да уживате заедно. Заедничкото навивање води до телесен контакт. Може заедно да отидете и на час по јога. Вложете труд за да откриете што вашиот партнер сака и зошто.

Романтична вечера

Заборавете ја пицеријата или кафулето во кое излегувате често – за промена заминете во некој нов ресторан надвор од градот. Истражувањето на нови места е секогаш добра идеја и ја враќа романтиката во долгата врска.

Исклучете го телевизорот и пуштете музика

Слушањето на квалитетна музика го ослободува хормонот на среќа и води кон други убави работи како што се на пример танцувањето, разговорот и забава во спалната соба.

Разговарајте за иднината

Секојдневните разговори за ручек, шопинг, расправии за пари се здодевни. Разговарајте за вашите сонови, желби, планови. Ќе размените многу креативни идеи и ќе се забавувате.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе