Шест лица повредени, од кои едно потешко, при судир на три возила во Тетово

Вкупно 6 лица се повредени, од кои едно девојче потешко, во сообраќајна незгода на три возила што се случи вчера околу 19 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово.

Во сообраќајката учествувале Opel Corsa управуван од Б.С. (21) од Ново Село, потоа Volkswagen Golf што го возел Н.Н. (59) од Палатица и BMW управувано од М.Д. (38) од Тетово, сите со тетовски регистерски ознаки.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило 16-годишно девојче, сопатничка во возилото Opel Corsa. Таа е пренесена во Тетовска клиничка болнница, каде ѝ е укажана прва помош, по што поради сериозните повреди е однесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачите на Opel Corsa и BMW, како и вкупно три други сопатнички од тие две возила, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По овластување на јавен обвинител е извршен увид на местото, со цел да се утврдат причините и околностите поради кои дошло до сообраќајната незгода.

Тагови
реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе