Шест места во кујната каде се кријат најмногу бактерии

Според експертите, ова е списокот на клучните области на кои луѓето забораваат кога ја чистат кујната.

Сунѓери

Иронично, сунѓерите би требало да ги направат работите почисти, но тие се едно од најлошите места каде бактериите можат да се сокријат.

За да ги дезинфицирате, прво измијте ги со детергент и топла вода, а потоа натопете ги во средство за дезинфекција. Исцедете колку што е можно повеќе течност и оставете ги сунѓерите добро да се исушат. Доколку немате при рака течност за стерилизирање, брзо решение е потопување во свежо зовриена вода.

Крпите и сунѓерите треба редовно да се мијат и можете да ги ставите во машина за садови, но мора да се мијат на многу топол циклус.

Резервоар за вода од кафемат

Многу луѓе забораваат да го исчистат резервоарот за вода во машината за кафе.

Повеќето од нас само додаваат вода без да размислуваат за длабинско чистење на садот, а во него можеше да се најде мувла и разни бактерии.

Истурете алкохолен оцет во садот и оставете го некое време за да се отстрани бигорот. Потоа исплакнете го во топла вода и исушете го.

Мијалник

Вашиот мијалник е живеалиште за многу бактерии. Можете темелно да го исчистите со стара четка за заби и средство за дезинфекција или белило, а посебно внимание треба да се посвети на отворот на сифонот кој треба добро да се исчисти и дезинфицира.

Рачки на фрижидер и бројчаници на шпорет

Многумина од нас ги занемаруваат рачките и бројчаниците кои всушност често ги допираме.

Идеално е редовно да ги чистите овие површини со топла вода и детергент или да користите антибактериски спреј.

Работни плочи

Начинот на кој ќе ја чистите работната плоча ќе зависи од материјалот од кој е направена.

Вечерта откако ќе завршите со готвењето за тој ден, добра практика е да ја испрскате работната плоча со антибактериски спреј и да ги избришете сите кујнски пултови со чиста крпа за да ги отстраните бактериите. И не заборавајте редовно да чистите под и зад апаратите како котлиња и тостери.

Даски за сечење

Честопати на површините на дрвените даски за сечење, и покрај миењето и бришењето, се задржуваат бактерии.

Исчистете ја даската со топла вода со сапуница, па прелијте ја со свежо зовриена вода за да се стерилизира даската. Антибактерискиот спреј ќе помогне да останете без бактерии, но не е замена за темелното миење.

Тагови
реклама

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Read more

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

Живот

Во еден час собрани 683.000 денари за граѓански иницијативи на донаторскиот кружок на Конект

Read more

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Read more

Колку реално ќе ве чини летување во Турција?

Read more

Кое место во куќата е особено привлечно за змии?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како вештачката интелигенција ја налути цела поранешна Југославија?

Читај повеќе
  • filter

Во еден час собрани 683.000 денари за граѓански иницијативи на донаторскиот кружок на Конект

Читај повеќе

Лекарка предупредува на знаци на инсулинска резистенција кои многумина ги занемаруваат

Читај повеќе

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Читај повеќе

Пет додатоци во исхраната кои помагаат кога кортизолот е превисок

Читај повеќе

10 причини зошто пешачењето не ви покажува резултати

Читај повеќе

Научниците откриваат навика која може да ја врати биолошката возраст назад за 12 години

Читај повеќе

Што му предвидува големиот летен љубовен хороскоп на вашиот знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Микро тренинзи: Три брзи вежби кои го јакнат телото за неколку минути

Читај повеќе