Шест начини да се справите со мигрена

Еден од седум луѓе во текот на својот живот пати од мигрена, но ретко кој знае како да се справи со неа. Затоа, ќе ви понудиме неколку совети кои обично добро влијаат за да се отстрани или намали болката.

Доколку сте еден од оние кои патат од мигрена, многу е важно да знаете кои активности и работи можат да ви помогнат. Подолу можете да прочитате листа од шест работи кои би требало, ако ништо повеќе, да ви ја намалат болката.

Забележете што ја причинува мигрената

Мигрената може да биде причинета од повеќе работи: околината, различни видови на храна, мириси и активности. Доколку имате трпение, најдобро е да запишувате што сте правеле секогаш кога ќе ви се појави мигрената, за да забележите што точно е она што ја причинува.

Не претерувајте со лековите

За полесните главоболки, докторите препорачуваат аспирин или ибупрофен, додека за потешките можат да ви препишат и други специфични лекарства. Сепак, не претерувајте со апчиња за да не станете отпорни на нив, бидејќи потоа ќе ви биде уште потешко.

Пробајте да се држите до рутини

Ако патите од мигрена, тоа значи дека вашиот мозок пати од ненадејни промени на распоредот или рутината. Затоа, пробајте да одржувате константна дневна рутина секој ден. Почнете од самото будење, во текот на целиот ден, па до заспивањето.

Суплементи

Најдобро е да се консултирате со доктор пред да го пробате ова, но може да пробате со суплементи кои би го зајакнале вашиот имунитет. Истражувањата докажаа дека суплементите како магнезиум, витамин Б2 и коензим Q10 имаат потенцијал да ги запрат мигрените кај некои пациенти.

Вежбање

За да го исфрлите стресот, кој докторите велат дека е главен причинител за мигрени, можете да почнете со вежбање. Тоа не мора да се некои комплицирани вежби, нека бидат обични вежби кои можете да ги направите во удобноста на вашиот дом, но пробајте да ги правите редовно.

Исфрлете го кофеинот од употреба

Кофеинот се смета како еден од постојаните причинители на мигрени, посебно ако редовно консумирате големи дози на кафе. Тој не само што може да ја предизвика мигрената, туку може и да ја направи посилна. Докторите препорачуваат дека ако не можете комплетно да го исфрлите кафето, тогаш да пиете само по една шолја не многу густо кафе.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Read more

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе