Шест начини како да го подобрите имунитетот на децата

Настинките и грипот се дел од животот на децата и возрасните, но има неколку паметни начини што можете да ги преземете за да го намалите нивниот број. Што може да направите за да го заштитите детето од бактериите и вирусите на кои е секојдневно изложено?

Сите го почнуваме животот со недоволно развиен имунитет, децата бавно го градат борејќи се со бактерии, вируси и други организми. Повеќето доктори сметаат дека шест до осум настинки годишно се нормални. Но, постојат здрави навики кои можат да помогнат да го подобрите детскиот имунитет.

1. Храната на децата треба да биде богата со повеќе овошје и зеленчук

Моркови, грашок, портокали, јагоди, оваа храна содржи витамин Ц и состојки кои ја зголемуваат продукцијата на бели крвни зрнца во телото, неопходни за борбата против инфекции.

2. Овозможете им на децата квалитетен сон

Досегашните истражувања покажале дека спиењето може да влијае на имунитетот. Колку време им е потребно да децата да спијат? На новороденче му се потребни 18 часа дневно, на децата од 12 до 36 месеци им се потребни од прилика 12 до 13 часа сон, додека на децата од предучилишна возраст им требаат околу 10 часа сон. Ако детето не дремнува во текот на денот, обидете се да го легнувате порано.

3. Доењето ги штити децата и го подобрува имунитетот

Мајчиното млеко содржи антитела и бели крвни клетки кои го јачаат имунитетот. Доењето штити од ушни инфекции, алергии, дијареја, пневмонија, менингитис, инфекции на уринарниот тракт и од СИДС (Синдром на ненадејна смрт на новороденче). Истражувањата покажале дека штити и од дијабетес, Кронова болест и од одредени форми на рак подоцна во животот. Колострумот што се излачува во првите денови по породувањето е многу богат со антитела.

4. Вежбање

Досегашните истражувања покажале дека вежбањето го зголемува бројот на природните клетки убијци во организмот на возрасните, па истото би важело и за децата. Детето се угледува на родителот и ако родителот вежба и детето ќе изрази желба за истото. Наместо да го терате да излезе на улица и само да си игра, можете заедно да возите велосипед, да пешачите, да играте кошарка, да трчате и слично.

5. Одржување редовна хигиена

Редовното миење на рацете ќе го заштити детето, особено откако ќе се врати дома од училиште или од градинка.

6. Пасивното пушење влијае врз здравјето

Избегнете ги цигарите, особено во присуство на децата. Цигарите содржат повеќе од 4.000 токсини кои ги иритираат или ги убиваат клетите во телото.

Пасивното пушење или дишење на димот од цигарите го забавува развојот на природниот систем за детоксикација кај децата, го зголемува ризикот од бронхитис, ушни инфекции и астма. Исто така може да влијае на интелигенцијата и неуролошкиот развој на децата.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Здравје

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Гинеколошки симптоми кои не треба да ги игнорирате

Read more

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Read more
 

Магазин

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе