Шест најчести причини за кризи во бракот

Добриот брак бара работа на себе, толеранција и компромис. Секој има проблеми и несогласувања во бракот и понекогаш се чувствува дека најдобро е да се откаже, но доколку и покрај сите несогласувања одлучите да останете заедно, вашиот брак ќе трае засекогаш.

Ова се најчестите причини заради кои доаѓа до криза во бракот.

Критики

Критиката може да биде добра, но ако партнерот се чувствува како да го напаѓате, тоа може да биде голем проблем. Со критикување на партнерот му кажувате дека нешто со него не е во ред и најверојатно вашиот партнер ќе се обиде да се одбрани, а тоа ќе доведе до голема караница.

Наместо со критикување, обидете се на партнерот на убав начин да му укажете на неговите грешки.

Ве привлекува некој друг

Изневерувањето не е нешто што може лесно да се прости, но ако ве привлекува некој друг не е голем проблем. Важно е да знаете дека тоа е нормално чувство, но тоа не значи дека ќе го изневерите вашиот партнер.

Реагирајте будно за тие чувства и бидете свесни за она што го правите.

Затворање во себе

Секој има момент кога се затвора во себе и не разговара за да го реши проблемот. Дајте му време на партнерот. Тоа не е знак дека ве игнорира, туку дека му треба малку време за да ги среди мислите и чувствата.

Презир

Без разлика дали се тоа саркастични коментари, исмевање за сè што работи партнерот, може да биде деструктивно за вашиот однос. Треба да работите на себе и на партнерот да му покажувате само љубов.

Размислување за развод

Финансиската криза, децата, токсичните луѓе околу вас можат да ве избезумат. Во тие моменти имате само една желба: да си заминете од дома.

Бидете трпеливи. Оваа фаза се случува во секој брак. Доколку ги решите проблемите, вашиот брак ќе продолжи каков што бил порано. Фокусирајте се на заедницата.

Простувајте

Понекогаш треба да знаете дека вашето его може само да биде штета за бракот. „Голтнете“ ја гордоста и научете се да простувате полесно.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе