Здравје

Шест намирници за мека и хидратирана кожа во зима

4. декември 2019 - 10:29 | М.С.

Студеното време нема добро влијание за вашата кожа, па затоа во зимските месеци се препорачува дополнителна нега и хидратација. За беспрекорен и здрав изглед на вашата кожа, важна е и храната што ја внесувате во организмот.

Нутрионистката Кимберли Снајдер за Vogue издвои шест намирници кои треба да ги вклучите во вашата исхрана во зима.

Лимон

Се препорачува секој ден да ви започнува со чаша топла вода со исцеден лимон. Тоа ќе го детоксицира телото и ќе поттикне подобра работа на метаболизмот. Исто така, во салатите употребувајте лимон наместо оцет.

Сладок компир

Слаткиот компир содржи бета каротин и витамини А и Ц - комбинација која има одлично дејство за кожата и ја прави мазна и здрава.

Бадеми

Веројатно сте слушнале дека бадемите се здрави, но дали знаевте дека се храна која е корисна и за убавината на лицето? Богати се со витамин Е и ја штитат кожата од лошото влијание на УВ зрачењето, ја хидратираат и ја хранат одвнатре.

Чиа семе

Оваа супернамирница е богата со минерали, влакна и есенцијални масни киселини, а сето тоа на кожата ѝ дава здрав сјај. Нутриционистката советува да ги додадете во смуди, овошни салати, јогурт, а може да направите здрав пудинг со бадемово млеко.

Ананас

„Доколку сакате кожата да ви изгледа убаво, јадете ананас“, нагласува нутриционистката.

Ананасот ја забрзува работата на метаболизмот, го ублажува воспалението и прави детокс на организмот, а тоа овозможува здрав тен за краток рок. Исто така, ананасот поттикнува производство на колаген.

Спанаќ

Спанаќот е лиснат зеленчук кој е богат со витамин А кој е неопходен за раст на кожата и обновување на станиците на кожата.

Богат е и со витамин Ц кој поттикнува производство на колаген и ја успорува појававата на знаците на стареење.

Коментирај