Шест полицајци повредени и тројца уапсени во денешната акција во северно Косово

Приштина, 13 октомври 2021 (МИА) – Шест полицајци се повредени, а тројца се уапсени на крајот од денешната акција на косовската полиција против шверц во северно Косово, соопшти полицијата.

Косовскиот премиер Албин Курти нагласи дека денешната акција на косовската полиција била насочена против шверц во Приштина, Пеќ и северните и јужните делови на Косовска Митровица.

Курти, изјави дека на денешната акција на косовската полиција и претходела интензивна истрага и дека е спроведена по наредба и во координација со надлежното обвинителство и суд.  Курти објави дека „се запленети стоки и докази, што претставуваат материјални докази“.

„Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани и ќе бидат потиснати. Ќе се бориме против шверцот и ќе го спречиме тоа”, напиша Курти.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска повика на итен прекин на насилствата и на едностраните потези на северот од Косово. Реакцијата на Борел доаѓа по денешните акции на косовската специјална полиција на повеќе локации на северот од Косово, при кои дојде до судири со српското население.

„Сите отворени прашања мора да се решат преку дијалог со посредство на ЕУ“, наведе Борел, нагласувајќи дека Брисел е во контакт со Белград и Приштина.

Српската премиерка Ана Брнабиќ повика на ангажман на НАТО, КФОР и меѓународната заедница.

Таа посочи дека ситуацијата е повеќе од драматична и дека „ова е последниот момент во кој е неопходна јасна реакција за да се запре налудничавата политика што ја води Приштина“.

„Ваквото однесување ја надмина секоја мерка и не носи на работ на хаос“, предупреди Брнабиќ.

Српскиот претседател се упати кон Рашка, во јужна Србија, каде што попладнево ќе се сретне со српските претставници од северно Косово.

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ и ги повика КФОР и меѓународната заедница итно да ги заштитат косовските Срби.

– Ова е вистински момент да го слушнеме одговорот од меѓународната заедница, која е должна да го одбрани српскиот народ, рече Петковиќ.

– Меѓу десетината повредени, беше застрелан и тешко повреден Среќко Софронијевиќ (36), за кого се борат за живот во болницата во Косовска Митровица, додаде тој.

Движењето „Доста беше“ (ДЈБ) ги повика претседателот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ и претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, да закажат состанок меѓу владата и опозицијата, со цел да се одреди унифицирана стратегија на Србија за Косово.

Движењето „1 од 5 милиони“ го осуди „упадот на специјалната единица РОСУ и употребата на сила против српското население во северно Косово и побараа меѓународната заедница итно да реагира и да спречи ескалација на насилство. Тие исто така, „бараат од претставниците на властите во Србија да престанат да даваат воинствени изјави од Белград“.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе