Фит

Шест правила со кои ќе си ја вратите мотивацијата за вежбање

7. февруари 2019 - 12:21 | Кајгана

Што е потешко од вежбањето? Да ја задржите мотивацијата за вежбање. Ова е проблем со кој се соочуваат речиси сите, а Луис Паркер која ја има втемелено истоимената метода, со нејзините совети ќе ви помогне во тоа. Ова се нејзините шест златни правила за враќање на вежбањето.

Бидете реални и поставете си остварливи цели

Мотивацијата е минлива. Да, потребна е за да почнете да вежбате, но самата мотивација не може да биде доволна за да промените нешто. Доколку сакате да внесете нова рутина во животот, планот кој планирате да го остварите треба да биде реален и остварлив.

Запознајте го своето „зошто”

Лесно е да се префрлите од еден на друг фитнес тренд, а притоа да не размислите зошто ја сакате таа промена. Обидете се да размислите за навиките кои секојдневно влијаат на ваѓиот живот. Замислете да сте поенергични, позитивни, проактивни, со зголемена самодоверба… а вашето тело ќе биде нивен одраз.

Олеснете си

Почнете со едноставни чекори кои ќе ви го олеснат влезот во поенергичен живот и ќе го разбудат оној дел во вас за кој не сте ни знаеле дека постои. Без разлика дали е во прашање прошетка или неколку едноставни вежби за истегнување во вашата дневна соба, ќе престанете да размислувате за вежбањето како товар и ќе се потсетите дека во вас постои личност која сака да биде активна.

Опремете се

Нема да верувате колку вашите нови и убави патики, шаренат спортска облека или новиот гаџет може да ве поттикнат да ги пробате. А со нив ќе изгледате и многу добро. Ова само по себе е мотивација.

Бидете позитивни

Ваквиот начин на размислување дефинитивно не е лесен, но е клучен за успех во животот. Мора нешто да дадете за да добиете нето за возврат.

Најдете партнер за вежбање

Ова ќе ве научи на одговорност кон самите себе, но и кон другите. Без разлика дали станува збор за пријател, колега или сосед, добро е чувството кога знаете дека некој ја разбира и поддржува вашата цел.

Коментирај