
Леблебијата е мешункасто растение и восоковредна намирница за човековата исхрана. Плодот познат и како слануток или наут е сличен на сушено зрно грашок или соја, има светло кафена боја, а се користи како вариво или додаток за подготовка на јадења.
Одличен извор на протеини
Доколку веќе ја следите веганската или вегетаријанската исхрана, големи се шансите дека веќе сте навлечени на сланутокот, благодарејќи на високата содржина на протеини, а ги содржи и речиси сите есенцијални аминокиселини освен метионин.
Комбинирајте ја нивната висока содржина на протеини со нивната голема количина на влакна и ќе добиете природна добитна комбинација на хранливи состојки потребни да ја задоволите гладта и подолго да останете сити. Протеините и влакната работат заедно да обезбедат трајна ситост.
Има низок гликемиски индекс за контрола на шеќерот во крвта
Гликемискиот индекс мери колку брзо одредени намирници предизвикуваат раст на нивото на шеќерот во крвта откако ќе ги изедете. Сланутокот е прилично низок на оваа скала со индекс 28. А со високата содржина на протеини и влакна е одличен за регулација на шеќерот во крвта.
Помага во исполување на дневните потреби од железо
Една шолја слануток содржи околу 4,7 милиграми железо плус 2,1 mg витамин Ц, кој му помага на организмот да го апсорбира железото.
Преполн е со микронутриенти кои се здрави за срцето
Освен протеини и влакна, сланутокот нуди и моќни витамини и минерали, вклучувајќи магнезиум, калиум и селен. Овие минерали играат улога и во намалувањето на воспаленијата кои се поврзани со зголемениот ризик од болести на срцето.
Сланутокот содржи соединенија кои спречуваат рак
Сланутокот обезбедува антиоксиданси витамин Б и селен кои имаат потенцијал да помогнат во спречување на одредени видови рак. Содржи и други биокативни соединенија како ликопен, биоканин А и сапонин за кои се има потврдено дека о намалуваат ризикот од рак.