Само 11 натпревари траеше тренерскиот ангажман на легендата на украинскиот фудбал, Андриј Шевченко на клупата на Џеноа, потврди денеска италијанскиот прволигаш.
Шевченко ја остави Џеноа, чиј дрес го носи Горан Пандев, на претпоследното место на табелата во Серија А, а клубот го предводеше на девет првенствени натпревари без ниту една победа и со ефект од три нерешени и шест порази.
Единствената победа на клупата на Џеноа, поранешниот украински репрезентативец и селектор ја забележа во италијанскито Куп против Салернитана (1:0)
Шевченко дојде во Џеноа во декември на местото на Давид Балардини.