Шилегов: При изградбата на БРТ ќе биде заштитено водоснабдувањето и нема да има застој во сообраќајот

„Водоснабдувањето ќе биде заштитено и ниту во еден момент нема да има застој на сообраќајот додека се гради Бас рапид транзитот“, уверува градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој во новата емисија „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија рече дека граѓаните не треба да бидат вознемирени, бидејќи трасата поминува над главната цевка за вода на булеварот „Партизанска“.

„Никој не треба да се грижи во оваа смисла. И водата, и водоснабдувањето, и главната цевка ќе биде заштитена и лесно достапна за евентуални дефекти. Досега не се случило на оваа цевка да има дефект“, рече Шилегов.

Очекува градежните активности да траат околу две години. Во овој период, како што нагласи, нема да има целосен застој на сообраќајот во овој дел, но можни се стеснувања на одредени места.

Нема да се сече ниту зеленилото, кое, како што посочи, ќе се мултиплицира.

„Сега има само еден дрворед, а тогаш ќе добиеме два дрвореда. Целосно ќе биде заштитено зеленилото и да не заборавиме дека ова е најеколошкиот проект што го има одобрено ЕБОР во последните 20 години кога е транспортот во прашање“, подвлече Шилегов.

Според него, не би требало да поскапи билетот за возење со овој вид транспорт.

За критиките од опозицијата за овој проект, Шилегов рече дека таа критикува бидејќи нема конкретни решенија кои би ги понудила за проблемите во градот.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе