Шилегов: Скопје беше прва локална самоуправа во Европа со проект „Култура во време на корона“

Градот Скопје беше прва локална самоуправа во Европа која реализираше проект „Култура во време на корона“, рече градоначалникот Петре Шилегов, додавајќи дека од една страна проектот бил финансиска поддршка за културните работници кои немаат некаков формален работен однос со институција, а од друга страна им се овозможиле забавни содржини на граѓаните во време на забрана за движење.

На денешната 58. седница на Советот на Град Скопје, на која советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и јавните културни установи во надлежност на Градот, Шилегов рече дека реализацијата на овој проект била на исклучително високо ниво – се организираа над 50 настапи со повеќе од 200 изведувачи, а проследени од над 500.000 гледачи на социјалните мрежи и на балконите во осум различни општини во Скопје.

На прашање за состојбите со Универзалната сала, Шилегов одговори дека постојниот објект ќе се реконструира во сегашниот облик и големина, а средствата треба да се добијат од претстојниот ребаланс на Буџетот на РСМ коj очекува да биде изгласан деновиве.

Бидејќи стручната фела се изјаснила дека на локацијата на Универзалната сала не е возможно да се изгради објект со поголеми димензии, Шилегов рече дека негова желба била да се реконструира Универзалната сала во постојаниот габарит, а да се изгради нова концертна сала на друга локација.

– Во првиот дел успеавме и сакам да се заблагодарам за разбирањето на Претседателот на Владата и на Министерството за култура, каде се издвојуваат средства со ребалансот на Буџетот во износ од 2 милиона евра, каде по носењето на ребалансот овие средства ќе бидат префрлени на посебна наменска сметка на Град Скопје. Во меѓувреме, ние вршиме проценки и пресметки за веднаш штом ќе ги добиеме средствата да може да ги започнеме постапките за јавни набавки и што е можно побргу да започне реконструкцијата на Универзалната сала. Јас се надевам дека сите постапки ќе се одвиваат брзо за на почетокот на следната концерта сезона, по шест години, Универзалната сала повторно да биде отворена, рече Шилегов.

Додаде дека тука неговите активности нема да застанат и дека досега има одржано повеќе средби со министерката за култура за плановите за изградба на нова, поголема концертна сала која би ги задоволила потребите на градот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе