Шилегов во Париз собира идеи и искуства за модернизација на Скопје

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов деновиве е во Париз каде што одржува состаноци со заинтересирани страни на полето на урбаниот развој и меѓународната соработка, информираат од Град Скопје.

Во рамките на посетата, Шилегов денеска имал излагање за приоритетите на Град Скопје пред членовите на работната група за одржлив град при Стопанската комора на Франција, а одржал и индивидуални средби со заинтересирани компании кои нудат свои производи од областа на градежништвото, енергетската ефикасност, урбаната мобилност, управувањето со отпад итн.

Во поздравниот говор пред стопанствениците, Шилегов информирал за борбата со загадувањето како најгорлив проблем на Скопје, плановите за масовно зазеленување на јавните простори, како и развојот на велосипедизмот во градот.

„Насочени сме кон обновување на соработката со збратимените градови и градовите од пријателските европски земји. Се надевам дека француските компании ќе најдат начин како да ги искористат отворените врати на Град Скопје за со своите производи и искуства да помогнат во изградбата и модернизацијата на градот“, изјавил Шилегов пред присутните.

Градоначалникот на Скопје остварил средба и со заменик-градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, а за утре е планирана средба и со Флоранс Манжен, Директорка на директоратот за Континентална Европа при Министерството за надворешни работи и Европа на Република Франција.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе