Шилегов: Во Вардариште не се депонира нов отпад

Скопје, 14 август 2020 (МИА) – Депонијата Вардариште била во интензивно користење за фрлање на комуналниот отпад на Град Скопје од 1997 година, кога се отвора капацитетот Дрисла, и тоа што де факто се случува таму сега е всушност распаѓање на тој депониран комунален отпад што е потенцијален сериозен еколошки проблем за Град Скопје. Градот и „Комунална хигиена“ тоа што во моментот го работат на Вардариште е дека таму има еден капацитет на претоварна станица каде се носи ѓубриштето во тој дел на градот, се врши примарна селекција, се истовара во возила и се носи во Дрисла, што значи дека нов комунален отпад не се генерира, туку се врши примарна негова обработка и се носи во Дрисла.

Ова денеска во изјава за медиумите го нагласи градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов по брифингот со новинарите за поранешната депонија Вардариште и проблематиката што постои таму и со која се соочува Градот, но и граѓаните кои живеат во непосредна близина.

– Проблемите настануваат од долгогодишното несоодветно место и несоодветен начин на депонирање повеќе децении на комуналниот отпад. Во непосредна близина на самата локација постојат три правни субјекти кои управуваат со отпади, а кои како институции се под исклучива надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Државниот инспекторат за животна средина, односно градот ја нема ингеренцијата да може да ги инспекторира или да изрече било каква санкција доколку истите несоодветно ја извршуваат својата дејност, иако ги мониторираме. Ги мониторираме од иста причина што нашите инспекциски служби се таму присутни заради постоењето на три диви населби, на неформални преработувачи на ѓубре, кои како такви ги санкционираме. Инспекцискиот надзор во последниве две години е зголемен за 300 проценти за разлика од минатото, посочи Шилегов.

Информира дека Градот во меѓувреме има изработено студија за целосна санација на Вардаршите, за целосна заштита на тој локалитет.

– Според таа студија која ја имаме направено да се изврши една примарна заштита на тој простор со технологиите кои се познати, потребно е за примарната некаде околу 25 милиони евра, а за целосна санација некаде околу 40 милиони евра средства кои Град Скопје за жал ги нема на располагање . Веќе имаме разговори со дел од претставниците на ЕУ тука, но мислам дека како проблем, како начин на решавање ќе мора и МЖСПП да партиципира со цел потенцијална опасност за животната средина во Скопје понатаму да нема. Тоа што ние го правиме е таму да се инсталирани т.н. подземни шипки, одводи, за метанските гасови кои се создаваат долу да не претставуваат евентуална еколошка опасност, додаде Шилегов.

реклама

Џинови во реалниот свет за кои тешко ќе верувате дека навистина постојат

Read more

Нагорно-Карабах: Не е важно кој прв почна, туку кој стои зад војната

Read more

Неверојатни факти за животот во Шведска

Read more

Моќни илустрации ги покажуваат разликите меѓу Истокот и Западот

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи

Read more

Филипче: За кратко време ќе имаме брзи тестови за COVID-19, достапни ќе бидат во болниците и на граничните премини

Read more

Ако финансиската поддршка не стигне до работниците ќе следат кривични пријави, предупреди премиерот

Read more

Заев: Прашањето за Гоце Делчев треба да го решава Мешовитата комисија

Read more

Вести

Седумнаесет припадници на Армијата повредени во сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш

Читај повеќе

Европските земји ги враќаат строгите епидемиoлошки мерки

Читај повеќе
  • play_arrow

Нагорно-Карабах: Не е важно кој прв почна, туку кој стои зад војната

Читај повеќе

Над милион луѓе во светот починаа од последици на COVID-19

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи

Читај повеќе

Филипче: За кратко време ќе имаме брзи тестови за COVID-19, достапни ќе бидат во болниците и на граничните премини

Читај повеќе

Ако финансиската поддршка не стигне до работниците ќе следат кривични пријави, предупреди премиерот

Читај повеќе

Заев: Прашањето за Гоце Делчев треба да го решава Мешовитата комисија

Читај повеќе

Преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе