Чек дис аут

Шинед О ’Конор: Нема да трошам време на белите луѓе

8. ноември 2018 - 15:29 | Б.С.Б.

Пред неколку дена Шинед О ’Конор објави дека премина во ислам, променувајќи го името во Шухада Давит. Сега, ирската пејачка повторно ја шокираше јавноста со расистичка изјава.

„Многу ми е жал, тоа што ќе го кажам е многу расистички и никогаш не сум мислела дека мојата душа може да осети такво нешто. Но, навистина никогаш повеќе не сакам да минувам време со белци немуслимани. Ниту за момент, ниту поради една причина. Одвратни се“, напиша Шинед на Twitter.

Нејзиниот статус предизвика бура коментари на интернет, па критики ѝ упатија и муслимани и христијани.

„Одвратна си, како можеш да напишеш вакво нешто, целосно ме разочара“, се дел од коментарите на луѓето.

Но, пејачката не застана овде, во следната објава напиша дека многу ја интересира дали Twitter ќе ја цензурира.

„Баш ме интересира дали Twitter ќе го забрани ова кога им дозволува на луѓето како Трамп и Милбанк да фрлаат сатанска нечистотија дури и на мојата земја“.

Коментирај