Музика

Шинед О’Конор примена на психијатрија откако фановите реагираа на нејзиното видео

10. август 2017 - 14:18 | А.С.

Пејачката Шинед О’Конор е сместена во психијатриско одделение по видеото што го објави на Facebook и ги вознемири нејзините обожаватели.

О’Конор (50) е примена во болница во Њу Џерси откако фановите реагираа на содржината на видеото во кое таа плаче и ја објаснува тешката душевна состојба во која се наоѓа и признава дека сакала да се самоубие.

По објавувањето на потресното 20-минутно видео, фановите веднаш реагираа да го најдат „мотелот во Њу Џерси“ каде таа рече дека живее „сосема сама“ и ѝ понудија лекарска помош што ѝ е повеќе од потребна во моментов.

Коментирај