Шинед О’Конор пронајдена жива и здрава

Полицијата објави дека ирската поп ѕвезда Шинед О’Конор е пронајдена жива и здрава во понеделникот, неколку часа откако е пријавено нејзиното исчезнување, пренесуваат агенциите.

Полицијата на Чикаго, во сојузната американска држава Илиноис, ја пронашла 49-годишната Шинед О’Конор во хотел во предградие, објави чикашкиот телевизиски канал WGN-TV.

Полицијата не соопшти детали околу ирската пејачка, освен дека во моментот кога била пронајдена, таа била надвор од опасност.

Полицијата пристигнала во чикашкото предградие да провери што е со О’Конор, откако анонимно лице телефонски пријавило дека е загрижено поради нејзиното исчезнување. Мажот рекол дека пејачката исчезнала во шест часот утрото во неделата по локално време, кога тргнала со велосипед и не се вратила дома, по што полицијата објави потрага по неа.

Шинед О’Конор стана светски славна во раните 1990-те години благодарение на песната „Nothing Compares To You“, која неколку години претходно ја напишал неодамна починатата американска рок икона Принс. Песната четири седмици ги предводеше музичките листи во САД и стана планетарен хит.

Во едно неодамнешно интервју, таа призна дека страдала од депресија и размислувала за самоубиство. Во 1999 година, на својот роденден, таа се обидела да изврши самоубиство.

реклама

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе