Авто новости

Шишање трева со стил: Honda Type R косилка

12. септември 2017 - 10:42 | Д.Л.

По повод четвртина век постоење на спортските верзии на моделите Type R и моторот Fireblade, Honda направи две специјално дизајнирани варијанти на роботизирани електрични косилки за трева.

Посебно внимание привлекува косилката базирана на Honda Type R, која има дури и имкитација на издувни цевки и голем заден спојлер, а предниот дел има реплика на фарови, маска и браник од спомнатиот автомобил.

Освен ова, инсталирани се и 40 LED светилки на позициите на фаровите и стоп светлата.

Основниот модел во САД ќе чини 2.799 долари.

Коментирај