Фудбал

Шкендија елиминирана во првото коло

16. јули 2019 - 20:25 | МИА

Македонскиот шампион Шкендија после драматична завршница беше елиминиран од Номе Калју на првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Иако Шкендија имаше предност од 1:0 од првиот натпревар во Естонија, реванш натпреварот беше неславен за фудбалерите на Шкендија, кои го изгубија со резултат 1:2.

Гостите од Естонија поведоа уште во шестата минута кога домашните играчи ги изненади Уге. Тетовци успеаја да израмнат во 62. минута после успешно изведениот пенал од страна на Ибрахими.

Израмнувањето ја врати надежта дека Шкендија ќе се прослава на овој натпревар уследи ладен туш во судиското надополнување од страна на Лилиу за 1:2, со што гостите од Естонија се квалификуваа во втората квалификациска рунда.

На прес-конференцијата по натпреварот, шефот на стручниот штаб на Шкендија изрази разочараност поради вечерашниот пораз и дека тој како тренер ја презема одговорноста за истиот.

Коментирај