Шкендија потврди, Висар Муслиу се сели во Унгарија

Репрезентативниот дефанзивец конечно направи чекор напред, ја напушта македонската лига за да продолжи во унгарскиот Фехервар каде што ќе му биде соиграч на Бобан Николов.

Тетовска Шкендија официјално потврди дека останува без столбот на одбраната. Стандардниот македонски репрезентативец Висар Муслиу деновиве ќе стави потпис на договорот со унгарскиот вице-шампион, а двата клуба веќе ги договориле условите за преселбата. На својата официјална веб-страница, тетовчани потврдија дека сите детали се договорени, а недостига единствено потписот на играчот. Сумата која црвено-црните ќе ја добијат како обештетување засега не е позната.

Во Фехервар ќе го пречека соиграчот од репрезентацијата Бобан Николов кој веќе година и пол го носи дресот на клубот кој претходно беше познат како Видеотон.

Муслиу ја засили Шкендија во февруари 2018 и тоа од лутиот ривал Вардар. Освои две шампионски титули во домашната лига и еднаш го крена перхарот во Купот на Македонија и тоа откако самиот му даде два гола на Пелистер во финалето. Во дресот со националниот грб е стандарден играч кај селекторот Игор Ангеловски, а до сега забележа 15 настапи и еден гол.

Од Шкендија се прости неславно, заработи двен картон на последниот натпревар на гости кај Дуделанж на кој тетовчани доживеаја срамна елиминација од Лига Европа.

„Сите во Шкендија му се заблагодаруваме на Висар Муслиу за неговиот допринос во црвеноцрниот дрес и му посакуваме сè најдобро и успех во иднина.“

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе