1.МФЛ 2020/21

Шкендија славеше во Битола и се одлепи на врвот

Филип Здравески
/ 27.09.2020 / 17:04

Се одигра 7. коло во најквалитетната македонска фудбалска лига по кое Шкендија ја зголеми разликата на врвот на +4 откако пораз доживеа второпласираниот Шкупи.

Шкендија триумфално се враќа од Битола иако имаше негатива уште по само 5 минути игра. Капитенот Егзон Бејтулаи играше со рака по пшто Танушев од пенал погоди за водство на битолчани. Ахмеди израмни во 23. минута, а во вториот дрел Дориев со прекрасен гол донесе водство од 1:2, додека Ибраими на 4 минути до крајот од пенал ја потврди победата.

Стадион „Под Тумбе Кафе“ во Битола
Пелистер - Шкендија 1:3 (1:1)
Голови: 5' (п) Ѓорги Танушев - 23' Валон Ахмеди, 68' Љупчо Дориев, 86' (п) Бесарт Ибраими
Судија: Игор Стојчевски (Скопје)

Вардар ја оствари третата победа сезонава и тоа очекувано над фенерџијата Беласица.

„Лавовите“ од Ѓорче ја изненадива Ренова среде Тетово, додека со двата гола на Лена стружани го испратија Шкупи за Скопје со пораз.

Академија пандев благодарение на гол од пенал ја џзапиша само втората победа сезонава. Во Струмица падна кратовски Силекс.

Синоќа во воведниот натпревар од ова коло во Велес без голови одиграа Борец и Работнички.

Стадион „Петар Милошевски“ во Скопје
Вардар - Беласица 3:1 (2:0)
Голови: 6' Мартин Мирчевски, 16' Милован Петровиќ, 79' Филип Петковски - 56' Робсон
Судија: Марјан Ецкоски (Охрид)

Стадион „Градски“ во Тетово
Ренова - Македонија ЃП 1:3 (0:2)
Голови: 90' Алуш Гавазај - 11' Филип Петров, 41' (п) Сефер Емини, 90'+2 Арби Воша
Црвен картон: 77' Фернанду Аугусту (М)
Судија: Јован Качевски (Струга)

Стадион „Градска Плажа“ во Струга
Струга - Шкупи 2:0 (1:0)
Голови: 15', 59' Нијас Лена
Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје)

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Академија Пандев - Силекс 1:0 (0:0)
Голови: 78' (п) Кире Маркоски
Судија: Јосип Бартон (Скопје)

Стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Борец - Работнички 0:0
Судија: Марјан Гоцевски (Струмица)

Табела:

  1. Шкендија 17
  2. Шкупи 13
  3. Македонија ЃП 13
  4. Борец 12
  5. Струга 11
  6. Силекс 10
  7. Работнички 10
  8. Вардар 10
  9. Пелистер 9
  10. Академија Пандев 6
  11. Ренова 5
  12. Беласица 0
Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе