1.МФЛ 2020/21

Шкендија со 6 гола го понижи Вардар среде Скопје

Филип Здравески
/ 20.03.2021 / 16:58

Голеада во Скопје на, условно кажано, дербито каде младиот тим на Вардар доживеа дебакл од Шкендија во последното коло пред репрезентативната пауза.

Прослава на голот од пенал; Фото: ФК Шкендија Тетово

Натпреварот почна со едноминутно молчење откако утринава почина една од вардаровите легенди, 83-годишниот Мирко Илиевски, асистент на првиот и стрелец на вториот гол во финалето на Купот на Маршал Тито кога Вардар го победи Вартекс со 2:1 во 1961 година.

По само 11 минути игра студен туш за лидерот откако Мирчевски со одличен удар го совлада Ферат Рамани, кој застана на голот на Шкендија бидејќи стандардниот Костадин Захов е настинат. Сепак, гостите израмнија 16 минути подоцна кога по еден удар на Рамадани топката лошо ја блокираше Лазаревиќ, ѝ го смени правецот и ја смести во својата мрежа.

Пресвртот на Шкендија почна со голот на Ибраими од пенал, а голедата продолжи по паузата кога тетовци постигнаа уште три гола за висока победа од 1:6.

Remote video URL

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Вардар - Шкендија  1:6 (1:2)
Стрелци: 11' Мартин Мирчевски - 27' (аг) Стефан Лазаревиќ, 34' (п), 49' Бесарт Ибраими, 55' Љупчо Дориев, 69' Рубин Хабај, 89' Дашмир Елези
Судија: Марјан Гоцевски (Струмица)

Во останатите натпревари, второпласираниот Шкупи со пресврт дојде до триумф во Кратово, а Беласица за малку ќе направеше изненадување откако Работнички избегна пораз на минута пред крајот. Нова важна победа оствари Академија Пандев, додека Македонија ЃП го гол во судиското надополнување дојде до трите бода на гостувањето кај Ренова.

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Беласица - Работнички 1:1 (1:0)
Стрелци: 18' Бесар Гуџуфи - 89' Петар Петковски
Судија: Марјан Стојановски (Кичево)

Стадион „Пандев“ во Струмица
Академија Пандев - Струга 1:0 (1:0)
Стрелци: 29' Кристијан Велиновски
Црвен картон: 83' Коста Манев (АП)
Судија: Александар Ставрев (Скопје)

Стадион „Градски“ во Тетово
Ренова - Македонија ЃП 1:2 (1:1)
Стрелци: 16'  Шефит Шефити - 36' Филип Алексовски, 90'+3 Шарлестон
Судија: Јован Качевски (Струга)

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс - Шкупи 1:3 (1:1)
Стрелци: 15' Ристе Каракамишев - 38' Абдул Руатубјаје, 71' Ламин Џак, 88' Режиналду
Црвен картон: 79' Ангелче Тимовски (С)
Судија: Игор Стојчевски (Скопје)

Remote video URL

Ова 24. коло ќе се комплетира утре кога ќе се одигра и последниот натпревар пред репрезентативната пауза.

Стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Борец - Пелистер
Судија: Крумислав Ѓоргиев (Штип)

Табела:

  1. Шкендија 53
  2. Шкупи 46
  3. Македонија ЃП 41
  4. Струга 34
  5. Работнички 33
  6. Борец 32
  7. Пелистер 28
  8. Академија Пандев 28
  9. Вардар 27
  10. Силекс 26
  11. Ренова 24
  12. Беласица 14
Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе