1.МФЛ 2022/2023 - 11. КОЛО

Шкендија со деветмина го победи Работнички, Силекс со пресврт среде Штип

Филип Здравески
/ 15.10.2022 / 15:49

И покрај двата црвени картони тетовчани не престанаа да постигнуваат голови, додека Силекс откако имаше негатива на паузата во Штип успеа да направи пресврт.

Работнички ја пречека Шкендија на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје и уште во 7. минута го отвори резултатот преку Методи Максимов. Гостите во 23. минута израмнија преку Аденис Шала, а само четири минути по паузата Влатко Стојановски се погрижи за комплетен пресврт.

Домашните израмнија во 66. минута откако слободниот удар на капитенот Крсте Велкоски заврши во стативата, а на одбиената топка налета Иво Јанакиевски и ја смести зад грбот на Костадин Захов. Само две минути подоцна втор жолт картон доби гостинскиот капитен Ферхан Хасани откако по втор пат се обиде да изглуми пенал. Сепак, во 73. минута Шала погоди за 2:3, а иако потоа Мевлан Мурати доби директен црвен поради спречување шанса за гол со фаул, Шкендија во 85. минута постигна нов гол преку Стојановски - за конечни 2:4.

Штипската публика виде натпревар полн со пресврти, но нивната Брегалница загуби. Силекс поведе уште во 5. минута преку Масевски, а потоа „Сините“ направија пресврт со головите на Ѓорѓиев и Ристевски во 8. и 23. минута. Манасиевски прво израмни во 64. минута, а потоа во 75-тата го постигна победничкиот гол за гостите од Кратово.

Академија Пандев и петти натпревар по ред не знае за победа, но барем ја заврши серијата од 4 последователни порази играјќи 1:1 на гости со Победа.

Македонија ЃП немаше проблеми на домашен терен против фенерџијата Скопје прокнижувајќи 3 бода со победа од 2:0.

Колото ќе се комплетира утре со натпреварот помеѓу бранителот Шкупи и лидерот Струга.

Табела:

  1. Струга 25
  2. Шкендија 19
  3. Силекс 18
  4. Тиквеш 16
  5. Шкупи 15
  6. Македонија ЃП 12
  7. Брегалница 12
  8. Работнички 11
  9. Академија Пандев 8
  10. Победа 8
  11. Скопје 5
Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе