1.МФЛ 2020/21

Шкендија со петарда ги почести „Лавовите“

Филип Здравески
/ 02.12.2020 / 14:59

Шкендија покажа зошто е главен фаворит за титулата сезона откако со 5:0 ја понижи Македонија ЃП која до пред ова коло беше на второто место со бод заостанување.

Радоста по голот на Елези; Фото: ФК Шкендија Тетово

Она што требаше да биде дерби, дуел помеѓу лидерот Шкендија и второпласираната Македонија ЃП, заврши со голема победа на домаќините. Со петарда во мрежата лидерот ги испрати „Лавовите“ скротени назад за Скопје. Петте гола беа дело на пет различни фудбалери, а 16-годишниот Елези прв ја начна гостинската мрежа.

Сега втората позиција ја презема Шкупи кој немаше проблеми дома со Беласица победувајќи со 3:1.

Фото: ФК Шкупи Скопје

На 4. место се искачи Борец кој во директен дуел ја победи Струга и тоа со пресврт.

Победи остварија и Работнички, Силекс и Ренова.

Стадион „Градски“ во Тетово
Шкендија - Македонија ЃП 5:0 (3:0)
Голови: 11' Дашмир Елези, 35' Љупчо Дориев, 39' Бесарт Ибраими, 86' Валмир Нафиу, 89' Еннур Тотре
Судија: Јован Качевски (Струга)

Стадион „Петар Милошевски“ во Скопје
Шкупи - Беласица 3:1 (2:0)
Голови: 28', 83' (п) Дербо Дамбо, 43' Фреди Алварес - 60' Зоран Ивановски
Судија: Игор Иванов (Велес)

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Работнички - Пелистер 1:0 (1:0)
Голови: 45' (п) Фахрудин Ѓурѓевиќ
Судија: Крумислав Ѓоргиев (Штип)

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс - Вардар 1:0 (0:0)
Голови: 52' Денис Ристов
Црвен картон: 45'+1 Даниел Карчески (С)
Судија: Александар Ставрев (Скопје)

Стадион „Пандев“ во Струмица
Академија Пандев - Ренова 0:1 (0:0)
Голови: 73' Шефит Шефити
Судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Борец - Струга 2:1 (0:0)
Голови: 74' Никола Прелчец, 86' (п) Трајче Трајков - 51' Абдулхади Јахја
Црвен картон: 42' Буњамин Шабани (С)
Судија: Марјан Младеновски (Скопје)

Табела:

  1. Шкендија 30
  2. Шкупи 28
  3. Македонија ЃП 26
  4. Борец 22
  5. Силекс 20
  6. Струга 20
  7. Вардар 19
  8. Работнички 17
  9. Ренова 14
  10. Пелистер 12
  11. Академија Пандев 10
  12. Беласица 9

Наредното 15. коло е на програмата викендов.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе