1.МФЛ 2021/22

Шкендија убедлива, Пелистер повторно разочара

Пет од шесте прволигашки натпревари од 9. коло во најдобрата македонска фудбалска лига се одиграа попладнево. Барем до утре лидер ќе биде Ренова.

Славје на штипските „Сини“: Фото: ФК Брегалница Штип

Шампионот Шкендија полека се враќа во ритам. Денеска немаше никакви проблеми дома против Борец каде уште по првите 45 минути со три гола во мрежата на гостите од Велес ја најави победата.

Академија Пандев направи нов кикс откако не успеа да реализира ниту една од неколкуте шанси на гостувањето во населбата Автокоманда против Скопје, чии фудбалерите се изборија за реми без голови.

Македонија ЃП ја продолжи серијата без победа, но барем се спаси од нов пораз. Ренова имаше водство во Ѓорче Петров, но „Лавовите“ дојдоа до бод благодарение на удар од белата точка на три минути пред крајот.

Штипска Брегалница оствари важна победа во дуелот со Струга, а јунак на домашните беше Алтипармаковски чиј гол постигнат уште во 5-тата минута ги донесе трите доба.

Пелистер приреди ново разочарување пред своите навивачи откако не успеа да постигне гол за победа над кавадаречки Тиквеш и со тоа останува закован на дното на табелата.

Стадион „Градски“ во Штип
Брегалница - Струга 1:0 (1:0)
Стрелци: 5' Марјан Алтипармаковски
Судија: Стојчевски Игор (Скопје)

Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП - Ренова 1:1 (0:0)
Стрелци: 87' (п) Ермедин Адем - 56' Виктор Серафимовски
Судија: Ѓоргиев Крумислав (Штип)

Стадион „Под Тумбе Кафе“ во Битола
Пелистер - Тиквеш 0:0
Судија: Тефику Ндерим (Куманово)

Стадион „Железарница“ во Скопје
Скопје - Академија Пандев 0:0
Судија: Трпчевски Стојанче (Кавадарци)

Стадион „Градски“ во Тетово
Шкендија - Борец 3:0 (3:0)
Стрелци: 5' Љупчо Дориев, 12' (п), 39' Синдрит Гури
Судија: Ралевски Благојче (Битола)

Утре од 15 часот се игра последниот натпревар од ова коло бидејќи во Чаир се среќаваат локалните ривали Шкупи и Работнички. Потоа следува репрезентативна пауза, а прволигашкиот фудбал се враќа викендот на 16 и 17 октомври.

Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкупи - Работнички
Судија: Јован Качевски (Струга)

Моментална табела:

  1. Ренова 18
  2. Шкупи 17
  3. Академија Пандев 15
  4. Работнички 15
  5. Шкендија 14
  6. Струга 13
  7. Брегалница 13
  8. Македонија ЃП 10
  9. Скопје 9
  10. Борец 7
  11. Тиквеш 6
  12. Пелистер 4
Тагови
реклама

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Путин игра на картата – крај на војната: Услови за Украина кои би означиле траен крај на конфликтот

Read more

Македонија и Бразил сензација на стартот на Мундијалот

Read more

Фудбал

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Read more

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Read more

Петтолигаш го елиминираше Лион од Куп де Франс

Read more

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Read more
 

Спорт

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Читај повеќе

НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Читај повеќе
  • play_arrow

Петтолигаш го елиминираше Лион од Куп де Франс

Читај повеќе

Навивачите на Звезда со жестоки навреди го избркаа американскиот амбасадор од Арената во Белград

Читај повеќе
  • play_arrow

Ленард се врати, Клиперс го понижи Бруклин со 59 разлика

Читај повеќе

Македонија и Бразил сензација на стартот на Мундијалот

Читај повеќе

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Читај повеќе

Пролет: Името на Јовиќ засекогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот клуб

Читај повеќе