Шкотска изгласа бесплатни влошки и тампони, а Македонија се соочува со менструална сиромаштија

Шкотска стана првата земја во светот што дозволи бесплатен и универзален пристап до менструални продукти, вклучувајќи хигиенски влошки и тампони, во јавните објекти, што е пресвртна победа за глобалното движење против менструална сиромаштија.

Шкотскиот Парламент завчера едногласно го изгласа Законот за менструални продукти, неколку месеци откако пратениците иницијално изразија поддршка за него.

Ова значи дека менструалните продукти ќе бидат достапни во сите јавни објекти и установи, вклучувајќи училишта и универзитети ширум Шкотска. Локалните власти и образовни институции ќе бидат оние кои ќе треба да обезбедат дека овие производи бесплатно ќе им бидат достапни на девојчињата и жените.

„Кампањата ја поддржа широка коалиција во која се вбројуваат работнички синдикати, женски организации и хуманитарни групи“, рече пред гласањето Моника Ленон, пратеничка која лани го предложи Законот.

„Шкотска нема да биде последната земја кој ставила крај на менструалната сиромаштија. Оваа одлука е сигнал до светот дека може да се постигне  бесплатен универзален пристап до менструални продукти“, рече таа потоа.

Во 2018 година, Шкотска стана првата земја во светот што обезбеди бесплатни хигиенски производи во училиштата, колеџите и универзитетите. На ниво на Обединетото Кралство, хигиенските производи за жени имаат 5% данок. Владата вети дека ќе го намали данокот во 2016 година, но тоа уште се нема случено.

Менструална сиромаштија во Македонија

Феминистичката платформа Медуза ја дефинира менструалната сиромаштија како „недостапност на средства за менструална хигиена, тоалети со несоодветни услови за одржување на менструална хигиена на работно место или во образовна институција, недостаток на информации и едукација за менструалниот циклус, како и недостаток на политики за неоданочување на средствата за хигиена и политики за боледување за време на менструација“.

Според истражувањето на Институтот за јавно здравје и на „Новинари за човекови права“ од 2018 година на тема „Проценка на менструалната сиромаштија во Македонија“, ситуацијата кај нас е драстично различна од она што се случува во Шкотска.

Дури 90 отсто од ученичките од руралните средини отсуствуваат од училиште четири до пет дена во текот на месецот кога имаат месечен циклус, а 75 отсто од ученичките во урбаните средини изостануваат два до три дена поради истите причини. Како причини за ова се наведени несоодветните услови за управување со менструалната хигиена на училиште или работно место, како и високата цена на средствата.

Според податоците со кои тогаш располагале истражувачите, во ниту едно училиште на територијата на Скопје, Велес и Куманово нема соодветни производи за менструална хигиена (сапун, тоалетна хартија, вода), а нема ниту соодветни места за остранување на отпадоци.

Истражувањето било спроведено во месеците април и мај во 2018 година, на територија на Скопје, Велес и Куманово, а во него учествувале 800 испитанички на возраст од 14 до 45 години. Извештајот од истражувањето може да го погледнете ТУКА.

Здружението на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје, во партнерство со Реактор – истражување во акција, од јуни 2020 година започнаа со спроведување на проектот „Крај за менструална сиромаштија - Застапување за намалување на менструалната сиромаштија во РСМ“, поддржан од страна на програмата за поддршка на граѓанското општество - Цивика мобилитас  и ФРИДА – фондот за млади феминистки.

Целта на овој проект е да направи иницијален напор за унапредување на пристапот до средства за менструална хигиена на жените и девојките во РСМ и да го адресира проблемот за менструалната сиромаштија преку подигање на јавната свест и промени во политиките кои ќе доведат до социјално – инклузивно управување и унапредување на родовата еднаквост. За да се постигне оваа посакувана цел, клучно е да се креираат функционални механизми и мерки за пристап на жените и девојките до средства за менструална хигиена и да се отвори јавна дебата за менструалната сиромаштија.

Со цел да се согледа реалната состојба со менструалната сиромаштија, на национално ниво, во рамки на проектот се предвидува истражување за пристапот до менструална хигиена кај девојки и жени генерално, но со фокус на пристапот до менструална хигиена кај средношколките во Република Северна Македонија. Оваа студија ќе овозможи согледување на повеќе фактори кои влијаат врз овој дел од женското здравје и ќе се воочи создавањето на социјално-општествените проблеми кои директно се повлијаени од тие фактори. Притоа, студијата ќе понуди мерки и препораки за понатамошно работење и застапување за решавање на проблемот со менструална сиромаштија.

Македонското поглавје на PERIOD кое се бори за ставање крај на менструална сиромаштија и менструалната стигма преку сервиси, едукација и застапување, по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, а и воедно и почеток на 16 дена активизам против родовото-базирано насилство, објави дека постои растечко разбирање дека родово-базираното насилство има многу димензии, и физички и психолошки. Дополнително вклучува и намерно лишување од достоинството и пристап до основните услуги. Ова исто така важи и за управување со менструалното здравје:

Денес е Меѓународен ден на ООН за елиминација на насилството врз жените, а и воедно и почеток на 16 дена активизам...

Posted by Period. The Menstrual Movement Skopje on Wednesday, November 25, 2020
реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Теми и коментари

Зошто феминизам, а не „еднаквизам“?

Read more

Работи кои би било фино да се променат во Аеродром

Read more

8 Март и стравот од непознатото: Феминизмот е за сите

Read more

Туркије - кој го силува македонскиот јазик?

Read more
 

Ново

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Читај повеќе

РЕК издава сè повеќе дозволи за производство на „зелена“ струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Губење титула на бугарски начин

Читај повеќе

Со ритуал исчистен олтарот на папата, откако го осквернави гол маж

Читај повеќе

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Читај повеќе

Најсмртоносна планинарска сезона на Монт Еверест: Непал ги заостри правилата

Читај повеќе

Единствена Македонија: За која интеграција во ЕУ, кое немање алтернатива и за кои европски вредности зборува СДСМ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вегас со фуриозна последна третина поведе во финалето против Флорида 

Читај повеќе

Лукашенко: Со Украина направивме само една грешка

Читај повеќе