Шкотскиот парламент го поддржа новиот референдум за независност

Шкотскиот парламент денеска, ден пред официјалното започнување на процесот на излегувањето на Велика Британија од Европската унија, го поддржа барањето на премиерката Никола Старџен од Лондон да бара организирање нов референдум за независност.

Со 69 гласови „за“ и 59 „против“ пратениците на шкотскиот покраински парламент на шкотската премиерка Никола Страџен ѝ даде мандат од британската премиерка Тереза Меј и од британскиот парламент побара одржување на вториот референдум по првиот од 2014 година, на кој гласачите во мнозинство беа против.

Во покраинскиот парламент мнозинството го има Шкотската национална партија (SNP), на премиерката Старџен, која со поддршка на „зелените“ одобри за предложениот референдум за независност од Обединетото кралство кој би се одржал во периодот меѓу есента 2018 и пролетта 2019 година, односно пред завршувањето на преговорите за излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија.

Против идејата за референдумот за независност се шкотските конзервативци, лабуристите и либерал-демократите кои во дводневната дебата ја обвинија Старџен за политичка манипулација и негрижа за благосостојбата на Шкотите.

Ова гласање требаше да се одржи на 22 март, но беше одложено поради терористичкиот напад во Лондон.

Старџен побара од парламентот одобрување на нејзиниот план откако истакна дека нејзините обиди да се постигне компромис со британската премиерка Меј за шкотските интереси во процесот на британското излегување од ЕУ не дале резултат.

Сега Никола Старџен сега треба да добие согласност од премиерката Тереза Меј и Вестминстер за распишување на нов референдум.

„Околностите се променија со Брегзитот“, рече Стрџен која сака Шкотска да продолжи барем да биде дел од заедничкиот пазар на ЕУ.

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Свет

На Кубанците им дојде преку глава: Протестираат бидејќи нема храна и струја

Read more

И по Путин – Путин: „Победата“ вечерва ќе се слави на Црвениот плоштад

Read more

Израел ќе му понуди на Хамас шестнеделно примирје за 40 заложници

Read more

ЕУ му вети на Египет 7,4 милијарди долари помош со цел да се запре миграцијата

Read more
 

Вести

Претепан возач на автобус на ЈСП

Читај повеќе

Стевчо Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД

Читај повеќе
  • play_arrow

На Кубанците им дојде преку глава: Протестираат бидејќи нема храна и струја

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

И по Путин – Путин: „Победата“ вечерва ќе се слави на Црвениот плоштад

Читај повеќе

Израел ќе му понуди на Хамас шестнеделно примирје за 40 заложници

Читај повеќе

ДУИ предупредува: Опозицијата со руско сценарио за политички немири по 8 мај

Читај повеќе

НАТО ја гради најголемата воена база во Европа - на Балканот

Читај повеќе

Неочекуван пад на залихите на нафта, цените скокнаа за 4%

Читај повеќе