Култура

Шкотскиот поет Џон Бернсајд добитник на наградата Т.С. Елиот

17. јануари 2012 - 10:35 | Макфакс

Шкотскиот поет Џон Бернсајд е добитник на наградата Томас Стерн Елиот за поезија за збирката „Black Cat Bone".

Наградата на Бернсајд му беше врачена вчера во Лондон, заедно со 15.000 фунти.

Тој зад себе ја остави британската поетеса Керол Ен Дафи и писателот Шон О’Брајан.

Претседателот на жирито Џилијан Кларк ја нарече победничката збирка „незаборавна книга со исклучителна убавина, во која владеат љубовта, сеќавањето на детството, човечкиот копнеж и осаменоста“.

Бернсајд, кој има објавено и книги со кратки раскази и мемоари, предава на Универзитетот Сент Ендрјус.

Наградата Томас Стерн Елиот секоја година ја доделува Друштвото на поезијата за најдобри збирки објавени во Обединетото Кралство и Ирска.

Наградата почна да се доделува во 1993 во знак на одбележување на 40 години од основањето на Друштвото на поезијата и во чест на Томас Стерн Елиот, неговиот основач.

Коментирај