Попладнево се одиграа натпреварите од 16. коло во најдобрата македонска фудбалска лига кое не донесе драстични промени на табелата откако дури четири натпревари завршија без победник.

Лидерот Шкупи помина и низ Автокоманда каде со 3:1 го победи Скопје.
Затоа пак второпласираната Академија Пандев на домашен терен не успеа да ја совлада штипска Брегалница играјќи без голови.
Шкендија се намачи со последнопласираниот Пелистер. Битолчани имаа водство на полувреме кое веднаш по паузата го загубија, а при самиот крај останаа и без бод. Пелистер и по 16 кола не знае за победа и е меѓу десетте такви клубови во Европа.
Тиквеш продолжи со добрите игри и успеа да освои бод на гости кај Струга. Борец поведе, но не издржа и одигра нерешено со Македонија ЃП, а синоќа ремизираа и Работнички и Ренова во воведниот натпревар.
Стадион „Градска плажа“ во Струга
Струга - Тиквеш 0:0
Судија: Димитар Пилешков (Штип)
Стадион „Младост“ во Струмица
Академија Пандев - Брегалница 0:0
Црвен картон: 31' Фарук Бихорац (АП), 43' Дарко Додев (Б)
Судија: Александар Грујоски (Кичево)
Стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Борец - Македонија ЃП 1:1 (1:0)
Стрелци: 36' Крста Ѓорѓевиќ - 67' Абу Камара
Црвен картон: 75' Ермедин Адем (М)
Судија: Александар Ставрев (Скопје)
Стадион „Градски“ во Тетово
Шкендија - Пелистер 2:1 (0:1)
Стрелци: 48' Сидрит Гури, 86' Јан Кривак - 43' Виктор Жуфо
Судија: Влатко Илиоски (Прилеп)
Стадион „Железарница“ во Скопје
Скопје - Шкупи 1:3 (1:1)
Стрелци: 42' (аг) Константин Чешмеџиев - 7', 90'+5 (п) Фреди Алварес, 55' Фостен Сенгор
Црвен картон: 68' Јола Зепата, 76' Дино Најдоски (С)
Судија: Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Синоќа:
Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје
Работнички - Ренова 0:0
Судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
- Шкупи 38
- Академија Пандев 32
- Шкендија 30
- Ренова 26
- Брегалница 26
- Струга 23
- Македонија ЃП 21
- Работнички 19
- Скопје 17
- Тиквеш 14
- Борец 9
- Пелистер 5
Наредното 17. коло е веќе в среда од 13 часот.