1.МФЛ 2023/2024

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Скопски Шкупи од Чаир првпат по 6 години редовно играње во европските купови ова лето нема да игра меѓународен фудбал, а за тоа вината ја гледаат во претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Шкупи синоќа во последното коло од 1.МФЛ успеа да слави на гости кај старо-новиот шампион Струга со 2:1, но победата беше пирова оти Шкендија со 2:0 славеше во Скопје кај Работнички и остана на 2. место, последно кое преку лигата води во фудбалска Европа. Другото место е за победникот во Купот, кој ќе се дознае в среда, а ќе се борат Тиквеш и Воска Спорт.

Од оваа сезона Македонија има само 3 места во Европа, од кое 1 во квалификациите за Лигата на шампионите и 2 во квалификациите за Конференциската лига. До лани беа 4 места, односно едно плус во Конференција, но лошите резултати на нашите претставници ѝ наложија на УЕФА да ни одземе едно место.

Шкупи како третопласиран извиси, па вината ја бараат во Фудбалската федерација на Македонија, или поточно во претседателот Муамед Сејдини кого и јавно го нападнаа во официјална клупска објава на Facebook.

„Чекавме да завршат натпреварите за да зборуваме за многу работи. Прво им честитаме на играчите и стручниот штаб на Струга затоа што никој не може да ги игнорира нивните напори, меѓутоа не ѝ честитаме на Струга како клуб и никогаш нема да го направиме тоа“, почнува соопштението на Шкупи.

„За жал, во оваа земја трофеите не се освојуваат, туку се купуваат.  Наскоро ќе ѝ го покажеме ова на цела Македонија. Претседателот на ФФМ нема што да му даде на фудбалот, само му прави штета. Ако темата е фудбалот во државата, тогаш мора да се ослободиме од актуелниот претседател на ФФМ. Се крие зад политика, го користи името преку политика, а некогаш ја штити политиката за нејзини интереси, а не фудбалот. Тој е рак на фудбалот“.

„Следната недела ќе споделиме детали со јавноста. Никој нема да избега од одговорност ако се крие зад политика и ако игра нечисти игри. Ќе донесеме сериозни одлуки за иднината на Шкупи и ќе ги споделиме причините со јавноста“, завршува клубот од Чаир.

реклама

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Read more

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Фудбал

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Read more

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Read more

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Read more

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Read more
 

Спорт

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе

Фламенгу го слави Фелипе Луис, за 14 месеци освои 5 трофеи

Читај повеќе

Газдата на Брајтон вмешан во обложувачка афера

Читај повеќе
  • play_arrow

ФФМ потврди: Фудбалерите ќе играат во нови дресови на Adidas

Читај повеќе