Шофер со тужба против Трамп: Ми должи пари за 3.300 часа прекувремена работа

Човек од Њујорк, кој повеќе од две децении работеше како личен шофер на Доналд Трамп, тврди дека актуелниот американски претседател, односно една од неговите компании, му должи огромна сума на пари за неплатени 3.300 часа прекувремена работа.

Во обвинението, кое го поднесе до Високиот суд во државата Њујорк, Ноел Синтрон, тврди дека Организацијата Трамп („Trump Organization“ - заеднички назив за повеќе од 500 компании и бизнис организации во сопственост на Трамп), не му исплатиле вкупно 3.300 часови прекувремена работа за последните шест години.

Тоа е, инаку, максималниот период во кој, поради правилата на компаниите, тој може да поднесе тужба. Синтрон во тужбата пренесува дека не добил ниту зголемување на платата, цели 12 години.

Тој сега, освен неисплатените пари, од Трамп бара и останати бонуси, кои му припаѓаат според сојузните и државните закони, како и одреден износ за претрпената штета.

Ноел Синтрон тврди дека повеќе од четвртина век работел за Трамп и тоа помеѓу 50 и 55 часа неделно. Тој остана дел од најблискиот персонал на Трамп, дури и кога безбедносните служби ја преземаа грижата за него како шеф на Белата куќа.

Неговата плата во 2010 година е зголемена од 68.000 на 75.000 долари, но подоцна му се укинати примањата за здравствено осигурување. Синтрон вели, дека врз основа на тоа, Трамп годишно штедел 17.866 долари.

Основната сума, која наводно не му е исплатена и сега Синтрон ја бара, изнесува 178.000 долари, бидејќи тој работел за 54 долари од час.

„Tramp Organization“ се уште не се огласи по повод овој случај.

Инаку, ова обвинение е само едно во низата, на оние кои веќе од порано се поднесени до Високиот суд во државата Њујорк, а кои се однесуваат токму против Трамп и неговите компании.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе