Шофери не смеат да носат шорцеви, па дошле на работа по здолништа

Топлотниот бран во Европа предизвикува проблеми на работното место за многу луѓе, особено за вработените во јавниот превоз во градот Нант, Франција.

Шоферите на автобуси во Нант се појавија на работа облечени во здолништа откако управата им забранила да носат шорцеви или кратки панталони кога се на работното место, иако температурите се неподносливи.

Тие велат дека забраната е апсурдна и укажале дека на жените возачи им е дозволено да работат во здолништа, а мажите не смеат да носат шорцеви.

„Униформите не ни се соодветни за овие високи температури. Во вакви моменти им завидуваме на жените“, вели Дидие Советр, возач на CFDT.

Протестот има логика: откако шоферот ќе седне зад воланот патниците не можат да им ги гледаат нозете, па теоретски, не е важно дали носат панталони со кратки или долги ногавици.

Габриел Мање, член на синдикатот на возачи, вели дека високите температури во комбинација со затворената кабина и слабата вентилација придонесуваат возењето во панталони со долги ногавици да биде „неподносливо“.

Тој додава дека фактот дека жените може да носат кратки здолништа, а мажите не смеат да носат шорцеви на работа е дискриминација на работното место.

Французите не се први во ваквиот начин на протестирање против жештината. Џои Барџ од Велика Британија, кој работи во кол-центар, направи нешто слично.

Шефот му рекол да се врати дома и да се преслече откако дошол на работа во шорцеви на жежок ден. Во знак на протест, Џои следниот ден дошол на работа облечен во фустан. По ваквата протестна нота, управата го сменила дрескодот за вработените и дозволила мажите да носат панталони со ¾  ногавици, само во црна, тегет и крем боја.

Пет ученици во Девон изведоа сличен протест и се појавија на училиште облечени во здолништа откако им рекле дека ќе бидат суспендирани бидејќи носеле шорцеви на час. Наставничката му рекла на едно од 14-годишните момчиња дека може да носи здолниште ако му е многу жешко и момчето буквално ја послушало.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе