Чек дис аут

Шоферска карма: Зошто е добро да имате камера во автомобилот?

25. март 2019 - 11:27 | А.С.

Камерите во автомобил стануваат сѐ попопуларни, а овој пример покажува дека трендот е повеќе од оправдан.

Ако имате камера за надзор во автомобилот, тоа ќе ви биде од огромна помош ако се најдете како оштетена страна во автомобилска незгода, или да помогнете некому ако вашата камера сними туѓ инцидент.

Некои шофери ја имаат таа дрскост да побегнат од местото на злосторот, но во овој случај, жената која удира туѓ автомобил брзо ја стигнува кармата.

Жената во автомобилот Nissan удира во возило Camaro и продолжува да вози, но сѐ е фатено на камерата поставена во оштетениот автомобил.

Возачот на црвеното Camaro продолжува да ја следи жената, а камерата ја снима и ситуацијата со инстант карма: жената излетува од патот и удира со автомобилот во дрво. Покрај тоа што ќе плати казна од 500 долари за првиот сообраќен инцидент (согласно законите во САД каде е снимена случката), таа исто така нема возачка дозвола, а автомобилот не ѝ е осигуран.

Целата ситуација погледнете ја во видеото:

Коментирај