Шоферска навика која е „смртно опасна“ за автомобилот

Дури и оние возачи кои внимателно го одржуваат автомобилот имаат некои навики со кои несвесно ги оштетуваат нивните „миленичиња“.

Една таква навика е честото возење на кратки дестинации.

Многумина од нас, навикнати на возење и ненавикнати на пешачење, дури и до најблиската продавница, до продавачот на весници или до блиска пекарница одат со автомобил, а тоа може скапо да го чини секој возач затоа што вака кратки и чести возења воопшто не му се пријатни на моторот на возилото.

При возењето на кратки дестинации од околу стотина метри, моторот не ја достигнува работната температура, а тоа може да доведе до сериозни дефекти. Влагата не испарува и се меша со маслото, а нечистотијата се акумулира на EGR вентилот и другите делови на моторот.

Разни последици и дефекти

По некое време, може да се формира слој на капачето за полнење масло. Тогаш маслото сериозно почнува да ги губи својствата за подмачкување и треба итно да се замени.

При возење на кратки дестинации може да се измешаат и маслото и горивото, во тој случај има промени во маслото кои се гледаат дури и со голо око.

За да дознаете дали сè е во ред, можете да ја помирисате прачката за мерење и ако не почувствувате мирис на гориво, сè е во ред.

Ако имате индикатор, препорачливо е да ја следите температурата на моторот додека возите. Од мотор кој достигнува работна температура, кондензацијата испарува, но кај возилата на кратки релации тоа нема да се случи и сè повеќе вода и гориво ќе се акумулираат во картерот со тек на време.

Поради тоа маслото ги губи својствата и не може да ја исполни својата функција, што доведува до оштетување на моторот, па дури и до сериозни проблеми.

Решението, се разбира, е едноставно. Следниот пат кога ќе помислите да „скокнете“ со автомобил до продавница, подобро одлучете да отидете дотаму пеш. Тоа е поздраво за вас, но и за вашиот автомобил. Исто така, се препорачува редовно да го проверувате маслото.

реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more

Авто новости

Tesla Model Y е најпродаван автомобил во светот

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Загадувањето од гумите е голем проблем - која е алтернативата?

Read more

Aston Martin го претставува DB12 – разочарување на повеќе полиња

Read more
 

Автомобили

Tesla Model Y е најпродаван автомобил во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Читај повеќе

Загадувањето од гумите е голем проблем - која е алтернативата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Aston Martin го претставува DB12 – разочарување на повеќе полиња

Читај повеќе
  • filter

Bentley ги претстави моделите Bentayga и Continental GTC Huntsman Edition

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Легендарната BMW Серија 5 првпат и „на струја“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Volkswagen ја најави премиерата на Touareg

Читај повеќе
  • play_arrow

Како роботите ќе ги пратат вулканизерите во предвремена пензија?

Читај повеќе

Како ќе функционираат „црните кутии“ кои од следната година ќе бидат поставени во новите автомобили?

Читај повеќе