Шок: Крај на сезоната за Меси и Интер Мајами

Атланта Јунајтед го направи најголемото изненадување во историјата на плејофот на МЛС Купот, објави официјалниот сајт на натпреварувањето, откако синоќа во третиот натпревар го совлада Интер Мајами со 3:2 и ги елиминираше Лионел Меси, Луис Суарес, Серхио Бускетс, Жорди Алба и нивните соиграчи од плеј-оф.

Интер Мајами влезе во плејофот како најдобар тим во МЛС и освои дури 34 бода повеќе од Атланта (74:40) во сезоната од 34 натпревари. Против деветтиот тим на Истокот имаше предност од 1:0 во серијата која се играше на две победи, но тоа не му беше доволно, а Атланта во полуфиналето на конференцијата ќе ги одмери силите со Орландо Сити.

Матиас Рохас во 17. минута го доведе Интер Мајами во водство, а потоа гостинскиот тим за само две минути направи пресврт и Џамал ​​Тиаре погоди во 19. и 21. Меси постигна гол со глава во 65. минута и го израмни резултатот на 2:2.

Малку подоцна ќе се покаже дека неговиот 23-ти гол сезонава (има и 13 асистенции) на 25-от натпревар беше и последен негов годинава, бидејќи Бартош Слис ја заврши сезоната за Интер Мајами во 76-та минута.

„Шок над сите шокови, сензација на сите сензации“, опиша во својот извештај порталот Goal.

Remote video URL
реклама

Фудбал

Манев емотивно: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата

Read more

Матео Ратеги нема да игра во двомечот против Германија

Read more

Драматично кај Французите: Мбапе предложил Зидан да го замени Дешан

Read more

Јамал: Барселона е фаворит за освојување на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Манев емотивно: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата

Читај повеќе

Италија му нуди пасош на ДиВинченцо

Читај повеќе

Матео Ратеги нема да игра во двомечот против Германија

Читај повеќе

Драматично кај Французите: Мбапе предложил Зидан да го замени Дешан

Читај повеќе

Јамал: Барселона е фаворит за освојување на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Шпански медиуми: Алонсо доаѓа во Реал и веќе отпиша двајца играчи

Читај повеќе
  • play_arrow

Роденденецот Зубац доминираше над најдобриот тим во НБА

Читај повеќе

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Читај повеќе

Бугарските легенди Стоичков, Михајлов и Бал'ков собираат средства за настраданите во Кочани

Читај повеќе