Шок на „Бернабеу“, Реал совладан од Бетис

Фудбалерите на Бетис приредија вистинска сензација со триумфот над Реал во Мадрид 1:0 во петто првенствено коло. Санабрија беше херојот на гостите, постигнувајќи го единствениот гол на натпреварот.

Реал ги разочара своите симпатизери, иако ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар. Играчите на Зидан и покрај неколкуте добри шанси кои ги создадоа немаа доволно креативност во играта.

Одбраната на Бетис без поголеми проблеми се справуваше со напаѓачите на Реал, а шансите кои „мирисаа“ на гол успешно ги бранеше одличниот голман Адан.

Најблиску до постигнување на гол Реал беше во 75.минута при обидот на Бејл, но неговиот удар Адан го одбрани, а потоа топката го погоди дирекот.

Во последните 15 минути Зидан играше со петмина напаѓачи, речиси без среден ред, што скапо го плати во последната минута.

Бетис градеше една долга акција Бараган потоа испрати одличен центаршут, а Парагваецот Антонио Санабрија со глава го совлада Кејлор Навас.

Вчера беше прекината фантастичната серија од 73 натпревари во кои Реал Мадрид постигнуваше барем еден гол, која траеше од април 2016 година. Бетис ја забележа првата победа на „Сантијаго Бернабеу“ по 19 години, а по цела деценија успеа да остане непоразен во Мадрид.

По пет кола Реал има осум бодови, седум помалку од најголемиот ривал Барселона.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе