Шок во Минхен: Баерн го отпушти Нагелсман и го ангажира Тухел

Шокантната вест доаѓа од Германија, каде Баерн наводно му врачил отказ на тренерот Јулиан Нагелсман и на негово место во поставил Томас Тухел.

Нагелсман на клупата на Баерн пристигна од Лајпциг во 2021 година, а иако се очекуваше да биде долгорочен проект на тимот од Минхен, по само една и пол сезона соработката беше прекината и сега ќе си бара нов клуб.

Последните информации велат дека Нагелсман не очекувал такво нешто, а не ни бил контактиран од раководството на клубот. За тоа дека му е подготвен отказ дознал од медиумите и социјалните мрежи.

Нагелсман ја започна својата тренерска кариера во 2016 година во Хофенхајм кога имаше само 28 години, а од 2019 година беше на клупата на Лајпциг.

Од друга страна, новиот тренер на Баварците, Томас Тухел, нема работа откако на почетокот на сезоната доби отказ од Челзи, а претходно ги тренираше Борусија Дортмунд и ПСЖ.

Фабрицио Романо ексклузивно ја објави веста за замената на клупата на Баерн, а наскоро се очекува и официјална потврда од клубот.

URL

Цели десет години, по 25 одиграни кола, Баерн не е прв на табелата, а во таа насока по натпреварот против Баер Леверкузен кој го загуби 2:1 се огласи и Хасан Салихамиџиќ кој го критикуваше играчите и нивниот пристап кон играта.

Баварците во моментов се на второто место на табелата со 52 бода, еден помалку од Борусија Дортмунд со која ќе го играат првиот натпревар по репрезентативната пауза.

Баерн сезонава одигра вкупно 25 натпревари, а оствари неочекувано малку победи - 15, со 7 нерешени и 3 порази. Сепак, тие се убедливо најефикасната екипа во Бундеслигата и досега имаат постигнато 72 гола во германското првенство.

Во четвртфиналето од Лигата на шампионите за противник ќе го има Манчестер Сити, а доколку се пласира меѓу најдобрите четири екипи во Европа ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Челси.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе