УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Шок за ѕвездата на Барса! Холанѓаните ја добија најлошата вест на само 4 дена пред ЕУРО

Фудбалската репрезентација на Холандија синоќа го доживеа најтешкиот можен удар, бидејќи најголемата ѕвезда на селекцијата, Френки де Јонг го откажа настапот на Европското првенство.

На само четири дена пред почетокот на собирот на најдобрите селекции во Европа, Холанѓаните останаа без клучен фудбалер. Членот на Барселона, Френки де Јонг, го откажа настапот поради повреда на десниот зглоб.

Де Јонг се повреди на 21 април, но се чинеше дека ќе биде подготвен за настап на ЕУРО 2024. Селекторот Роналд Куман го вброи во списокот од 26 фудбалери и имаше јасни планови со него како предводник на тимот, но од тоа нема ништо, потврди синоќа на социјалните мрежи самиот играч од средниот ред.

Де Јонг изјави дека „ја загубил трката со времето“ и дека нема да биде доволно фит за настап.

„Тажен сум и разочаран што нема да стигнам на ЕУРО. Работевме многу во изминатите неколку месеци, но на мојот глужд му треба повеќе време, за жал“, рече Де Јонг во емотивната објава и додаде:

„Сон и најголема чест е да ја претставувам земјата на еден голем турнир, но сега, како и целата нација, ќе навивам за нашиата репрезентација од страна“, додаде играчот од средниот ред на Барселона.

Селекторот на Холандија директно ја обвини Барселона за неговите повреди. Тој рече дека го ризикувале неговото здравје во Барселона, а сега Холандија ги трпи последиците.

На местото на Де Јонг селекторот Куман го повика 22-годишниот лев бек на Борусија Дортмунд, Иан Маатсен, кој досега има настапи само за младинските репрезентации на Холандија.

Ова е трето откажување за Куман пред ЕУРО откако претходно поради повреди отпаднаа и Мартен де Роон од Аталанта и Куинтен Тимбер од Фејнорд.

реклама

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Koja e идеалната температура за перење на постелнината?

Read more

Мајк Тајсон: Али ќе ме победеше и во моите најдобри денови

Read more

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Read more

Фудбал

7 одлични фудбалери кои се ужас за нивните репрезентации

Read more

Сите голови од вчерашното второлигашко коло

Read more

Платини и Блатер ослободени од обвиненијата за измама и фалсификување

Read more

Времеплов: Кога Сити стави голман во нападот за да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 одлични фудбалери кои се ужас за нивните репрезентации

Читај повеќе

Мајк Тајсон: Али ќе ме победеше и во моите најдобри денови

Читај повеќе
  • play_arrow

Сите голови од вчерашното второлигашко коло

Читај повеќе

Платини и Блатер ослободени од обвиненијата за измама и фалсификување

Читај повеќе

Времеплов: Кога Сити стави голман во нападот за да победи

Читај повеќе

Билетарницата на Арената денеска ќе работи од 10 до 18 часот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс се непрепознатливи: Дончиќ и Леброн добија нова шлаканица, трета по ред

Читај повеќе

Ван Дајк заминува од Ливерпул?

Читај повеќе

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Читај повеќе