Шокантна изјава на Зидан: Бензема е најдобриот француски напаѓач на сите времиња

Пред легенди како Анри, Трезеге, Фонтен и Папен, за Зинедин Зидан најдобриот француски напаѓач е Карим Бензема, играч кој никогаш не ја ни гледал Франција како негова земја.

Синоќа Реал Мадрид го пречека баскиски Атлетик и имаше 1:1 сѐ до петнаесетина минути пред крајот кога со два гола на сцена стапи Карим Бензема и го реши победникот. По натпреварот Зинедин Зидан не штедеше зборови фалејќи го нековиот сонародник.

„Тој е далеку покомплетен играч отколку што порано беше. Не е чиста деветка, не мисли само на постигнување голови и поради тоа го обожавам. Ужива да проигрува со соиграчите и да создава шанси за нив, но тој исто така знае и да дава голови и тоа го прави токму кога му е најмногу потребен на тимот, како што беше случај и сега. Тоа е она кое е Карим“, рече Зизу.

За време на синоќешниот прес еден новинар го праша Зидан, со оглед на пофалните зборови кои францускиот стратег не ги штедеше за Бензема, дали според него тој е најдобриот француски напаѓач на сите времиња.

„Да, за мене е најдобриот со оглед на сето она што го прави, што покажува. Тој во Реал Мадрид е веќе долго време, има одиграно повеќе од 500 натпревари, па сите оние голови, неговите рекорди. Тоа што го има направено зборува само по себе. За мене тој е најдобриот, тоа е кристално јасно“, додаде тој.

Така, Зидан го стави Бензема пред великаните на францускиот фудбал како Тјери Анри, Давид Трезеге, Жан-Пјер Папен и иконата Жист Фонтен. Бензема можеби на клупско ниво си обезбеди место во историјата на Реал Мадрид, меѓутоа во репрезентациајата е далеку зад великаните. Нема настап за Франција од 2015 година кога беше избришан од репрезентацијата поради несогласувања со селекторот Дидје Дешан. Сѐ на сѐ има 27 голови на 81 натпревар, додека статистиката вели дека најдобар напаѓач на Франција е Анри со 51 гол на 123 натпревари.

Инаку, и Зинедин Зидан и Карим Бензема се етнички Алжирци родени во Франција. Уште во 2006 Бензема јавно кажа дека срцето му вели да игра за Алжир, но ќе игра за Франција заради спортски причини, односно дека е далеку посилна репрезентација. Воедно, секогаш одбиваше да ја пее француската химна.

„Алжир е земјата на моите родители, таа е во моето срце. Сепак, спортски гледано, навистина ќе играм за Франција. Тоа е само поради спортски причини бидејќи Алжир е мојата земја. Тоа е тоа“, рече тогаш Бензема за Radio Monte Carlo. Наредната година дебитираше за Франција.

реклама

Што му предвидува неделниот хороскоп од 16 до 22 јуни на вашиот знак?

Read more

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Read more

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Четири суплементи кои луѓето со висок притисок треба да ги избегнуваат

Read more

Фудбал

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе