Светски познатата активистка Џејн Гудал упати шокантни тврдења и испрати жалба до чадор-куќата на светскиот фудбал (ФИФА) дека Мароко наводно сака да убие 3 милиони кучиња пред организацијата на Мундијалот во 2030 година.

Џејн Гудал со шокантни зборови му се обрати на генералниот секретар на ФИФА, Матиас Графстром. Таа напиша моќно отворено писмо и побара итен одговор на наводното континуирано убивање на кучињата скитници во Мароко.
Мароко ќе биде домаќин на историското Светско првенство на ФИФА во 2030 година. Тоа ќе биде втор пат Мундијалот да се игра на африканско тло, но ќе биде и прв пат да се игра на три различни континенти.
Главни домаќини на Мундијалот ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко, но и Аргентина, Уругвај и Парагвај ќе бидат домаќини на по еден натпревар, поради 100-годишнината од првиот Мундијал.
Но, според шокантните зборови на Гудал, кои таа ги претстави пред ФИФА, Мароканците планираат да убијат 3 милиони улични кучиња, за „навивачите да бидат безбедни на Светското првенство“.
„Бев апсолутно згрозена кога видов дека мароканските власти се занимаваат со убивање на улични кучиња од големи размери за да ги направат местата на Светското првенство 'побезбедни' за странските посетители“, напиша Гудал.
Jane Goodall denuncia un 'genocidio' de perros por el Mundial 2030 en Marruecos: asegura que se matarán más de tres millones https://t.co/aROEfPGSTi
— 20minutos.es (@20m) January 15, 2025
Оваа активистка рече дека ФИФА ќе биде соучесник во тој варварски чин доколку не преземе никакви мерки.
„Фудбалските фанови, од кои многумина несомнено се љубители на животни, ќе одговорат со повици за бојкот на земјата и притисок врз спонзорите да се повлечат. Ако ФИФА не преземе ништо, ќе биде позната по своето соучесништво во овој ужасен чин на варварство“, додаде таа.
Гудал ја повика ФИФА да ја суспендира организацијата на Светското првенство во Мароко додека „не престанат убиствата“.
🇲🇦 Morocco plans to cull three million stray dogs ahead of the ⚽ 2030 FIFA World Cup, drawing global condemnation from animal rights activists, including Jane Goodall.
— The Raven (@the_raven28) January 16, 2025
They are urging FIFA to intervene and stop the inhumane actions.
Голем број познати личности и ветеринарни експерти ја повикаа ФИФА да интервенира и се приклучија на иницијативата на Меѓународната коалиција за животни (IAWPC) за да се направи заштитата на животните задолжителна во Мароко или, во спротивно, земјата да се соочи со лишување од организација на Мундијалот.