Шокантно однесување на Путин и Бајден

Asia Times (превод: МИА)
/ 23.09.2022 / 10:30

Светот е веројатно во најопасниот момент од Кубанската ракетна криза, но сè уште има излез преку преговори.

Секој што го слушаше ТВ-обраќањето на Владимир Путин до неговата нација на 21 септември мораше да биде шокиран од тонот, некохерентноста и заканата на рускиот лидер.

Американскиот претседател Џо Бајден, во говорот пред Генералното собрание на ОН, само ги влоши, а не ги подобри работите, ставајќи го целиот товар недвосмислено на главата на Путин.

Има многу влијанија од овие настани, вклучително и горчливата можност за поширока војна која ќе се прелее во Европа.

И Бајден и Путин изгледа мислат дека можат да играат таков вид покер. Не само што и двајцата ќе загубат, туку и светот ќе биде многу загрозен.

Да се ​​заземе став дека единствениот исход во Украина е победа или пораз, и дека ако Русија загуби, може да употреби оружје за масовно уништување или руската влада може да се урне во хаос, не е во ничиј интерес.

Во овој момент сме во поопасна ситуација од Кубанската ракетна криза, која своевремено ја ексалира Студената војна најблиску до нуклеарна војна со широки размери.

Жално е да се каже, но се чини дека американскиот претседател не ја сфаќа опасноста или не ги разбира своите одговорности. Непромислениот говор на Бајден не е придонес за мирот.

Не се поразлични ниту изјавите на европските лидери или на НАТО. Изјавите на Путин се уште полоши. Наместо запалива реторика, потребни ни се практични и остварливи решенија за кризата во Украина и Русија.

Последното нешто што му треба на светот е Путин да биде заменет со некој лудак. Сепак, хаосот во Русија веќе почнува да ја крева главата и никој не може да каже што ќе се случи понатаму.

Ниту САД, кои се протагонисти на војната (дури и ако e оправданa), ниту НАТО, не можат да понудат да посредуваат во договор со Русија, но итно е потребен договор.

Сите (освен можеби Русија) се согласуваат дека Украина е суверена земја и не треба да се распaрчува. Дури и рускиот партнер Кина продолжува да го кажува тоа.

Меѓутоа, она што секој треба да го сфати е дека постојат ограничувања за амбициите на Украина кои треба да се договорат.

На Украина не може да ѝ се дозволи дополнително да ја продлабочи војната доколку нејзините дејства резултираат со употреба на нуклеарно оружје или започнување поголема војна во Европа.

Всушност, прашањето не е кој ќе победи, туку што ќе остане, без разлика каков ќе биде крајниот резултат на војната. Исто така, многу е важно колкави разурнувања ќе предизвика и колку луѓе непотребно ќе бидат испратени во смрт.

Еве нацрт за политичко и дипломатско решение за кризата:

1. Основата за спогодба лежи во понудата што може: (а) да ги заштити Украинците кои зборуваат руски и (б) може да обезбеди безбедносни гаранции за двете страни, што значи нема НАТО во Украина и нема руски војници на украинска територија.

2. Во договорот Минск II од 2015 година, имаше одредба Луганск и Донецк да станат автономни делови на Украина. Договорот предвидуваше дека украинската Рада ќе донесе легислатива која тоа ќе го овозможи, но двете области да дејствуваат во рамките на суверенитетот и Уставот на Украина. Договорот од Минск од 2015 година никогаш не беше спроведен. Договорот треба да се врати од мртвите.

3. Во прашање е: (а) дефинирање на автономијата и (б) нејзино поткрепување со меѓународни гаранции за заштита на украинското население што зборува руски. Русија и правните власти во погодените региони, исто така, мора да се согласат да го заштитат неруското население кое живее во тие области.

4. Договорот треба да се прошири за да го вклучи Крим со исклучок на Севастопол, кој Украина треба да ѝ го отстапи на Русија (вклучувајќи ги и сите комуникации и поддршка што ја бараат). Претходно, Украина го делеше Севастопол, но не постои непосредна убедлива причина да се врати на „статус кво анте“.

5. САД и НАТО треба да се договорат да не поставуваат оружје на НАТО во Украина и да не ја третираат Украина како де факто, ако не и де јуре, членка на Алијансата.

6. НАТО и САД плус Русија треба да ја гарантираат независноста на Украина и да ги дефинираат нејзините граници.

7. Украина треба да се согласи да ги почитува руската култура, јазик, религија и образовни потреби.

8. Администрацијата на Бајден и НАТО би требало да се состанат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со рускиот Владимир Путин, но треба да пристигнат на овие состаноци со солидно портфолио, вклучувајќи ја и дефиницијата за регионална автономија, реструктуирање на законодавството и намерата да се постигне разбирање за распоредување мировници на ОН.

9. Воените злосторници треба да одговараат пред Меѓународниот суд на правдата за нивните наводни злосторства.

10. Треба да се разменат сите затвореници. Ниту еден затвореник не треба да биде погубен или мачен.

11. Русија треба да ги повлече сите свои војници за успешно спроведување на предложениот аранжман, а силите на двете републики треба да се сведат на жандармерија.

12. Поради ограничувањата на Бајден и екстремните позиции заземени од НАТО, спроведувањето на овој дипломатски и политички процес најдобро може да го води генералниот секретар на ОН.

Да бидеме искрени - САД мора го да поддржат евентуалниот договор. САД никогаш не ги поддржаа договорите од Минск, но требаше да го сторат тоа. Администрацијата на Бајден мора да се однесува одговорно во овој момент на екстремна криза.

Временската рамка за да се заврши ова е веројатно два или три месеци, иако ситуацијата е и тешка и чувствителна. Без некој процес кој е во тек, покривот може да падне побрзо отколку што може да се направат поправки.

реклама

Како Путин реагира додека Лукашенко му држи лекција дека Русите му бегаат

Read more

Откриени платите на возачите во Формула 1 за 2022 година

Read more

Збогум Pro Max, Apple воведува нова класа на телефони

Read more

Икарди објави приватни пораки од Ванда и ја нарече токсична

Read more

Свет

Русија тврди дека нема да бара екстрадиција на оние кои ја напуштија земјата за да избегнат мобилизација

Read more

Младите Иранки се кренаа против старците „заглавени во времето“ - на повидок револуција

Read more

Како Путин реагира додека Лукашенко му држи лекција дека Русите му бегаат

Read more

Објавена детална анализа: Колку е голема руската, а колку украинската армија?

Read more
 

Вести

Русија тврди дека нема да бара екстрадиција на оние кои ја напуштија земјата за да избегнат мобилизација

Читај повеќе

Во Куманово утре почнуваат 25. Денови на комедија

Читај повеќе

Извештај на ОЕЦД: Околу 700.000 Македонци живеат надвор од државата

Читај повеќе

Кај тетовско Желино возило излета во Вардар, се трага по луѓето

Читај повеќе
  • play_arrow

Младите Иранки се кренаа против старците „заглавени во времето“ - на повидок револуција

Читај повеќе

Левица: Додека Лимани се луксузира, работниците четири месеци не зеле плата

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Путин реагира додека Лукашенко му држи лекција дека Русите му бегаат

Читај повеќе

Објавена детална анализа: Колку е голема руската, а колку украинската армија?

Читај повеќе

Саботажа или дефект: Никој не знае како се оштети гасоводот Северен поток 

Читај повеќе