Шолц и Макрон по Г7: Русија не може да успее во инвазијата врз Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц, домаќинот на самитот на Г7, и францускиот претседател Емануел Макрон по завршувањето на дводневната средба на врвот на седумтте најразвиени економии во светот во градот Елмау, изјавија дека руските планови во Украина ќе пропаднат.

Германскиот канцелар Шолц рече дека санкциите ќе завршат кога Путин ќе прифати дека неговите планови за Украина ќе пропаднат.

-Постои само еден излез за Путин, а тоа е да прифати дека неговите планови за Украина ќе пропаднат, рече тој на прес-конференција по затворањето на Г7.

Шолц нагласи дека лидерите на Г7 сакаат Русија да ја плати максималната цена за инвазијата на Украина.

-Г7 останува обединета во поддршката на Украина, рече Шолц. „Ќе продолжиме да ја одржуваме и зајакнуваме економската и политичката цена што Путин и неговиот режим мора да ја платат“, нагласи тој.

Францускиот претседател изјави дека Русија има само една цел, а тоа е Украина да се предаде, но дека Москва нема да ја добие војната.

-Русија не може и не смее да победи во војната во Украина, а санкциите ќе траат колку што е потребно, рече Макрон на прес-конференција по самитот на Г7 во Германија.

Макрон додаде дека вчерашниот руски напад врз украинскиот трговски центар е „воено злосторство“ и дека Франција ќе ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно.

Властите соопштија дека во вчерашниот напад врз трговски центар во централниот украински град Кременчук загинале 18 лица, а 36 се водат како исчезнати.

Макрон, исто така, пред самитот на НАТО во Мадрид од вторник до четврток рече дека земјите-членки на Алијансата мора да испратат порака за единство.

-Пораката што мора да се испрати од Мадрид е порака за единство и сила“, изјави тој и истакна дека се работи за безбедноста на европскиот континент. 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе