Веќе знаеме дека будењето подоцна за време на викендите или избегнувањето на вештачки засладувачи може да го намали ризикот од срцев удар, а јадењето зелен зеленчук помага во регулирањето на шеќерот во крвта.

Но, експертите тврдат дека една шолја топло какао дневно може да ги донесе истите придобивки. Клучот е да се користи незасладено, чисто какао, кое е богато со флаваноли - моќни антиоксиданси кои се наоѓаат и во овошјето и во зеленчукот.
Флаванолите, како што објаснува диететичарката Софи Ловер, можат да ја забават апсорпцијата на јаглехидратите, да ја подобрат чувствителноста на инсулин и да ги зачуваат бета-клетките во панкреасот.
„Студиите покажуваат дека какаото може да помогне во одржувањето на панкреасот здрав и да го регулира инсулинот, што може да го одложи или спречи почетокот на дијабетес тип 2“, изјави таа.
Нутриционистката Кетрин Гервасио додава дека флаванолите го подобруваат протокот на крв, го намалуваат воспалението и го намалуваат крвниот притисок, а со тоа го намалуваат обемот на работа на срцето и ризикот од срцев удар.
Ловер нагласува дека многу комерцијални производи наведени како топло какао содржат ниски нивоа на флаваноли, па затоа најдобар избор е пијалакот да го подготвите дома, користејќи чисто какао што може да го напавите рефус во продавниците за здрава храна. За подготовка на какао препорачува и темно чоколадо бидејќи има поголема концентрација на флаваноли.
Покрај какаото, Гервасио истакнува дека и други намирници помагаат да се намали ризикот од срцев удар и дијабетес. Особено препорачува ферментирана храна како кисела зелка, кимчи и темпе, бидејќи урамнотежената цревна микробиота го намалува воспалението и помага во контролата на шеќерот. Ловер додава дека исто така е важно да се јаде разновидна храна од растителна основа богата со влакна, витамини и минерали.
Сепак, ниту една храна сама по себе не го намалува ризикот од дијабетес и срцев удар, а умереноста е исто така многу важна.
„Најдобри резултати се постигнуваат преку комбинација на разновидна исхрана, редовна физичка активност, квалитетен сон и управување со стресот. Сите овие навики работат заедно за да го заштитат вашето срце и да помогнат во спречување на дијабетес“, заклучува Гервасио.