Поранешната НБА ѕвезда, сега 53-годишниот Шон Кемп, е уапсен откако учествувал во престрелка во градот Такома, во сојузната држава Вашингтон.

Полицијата сѐ уште нема официјален извештај за овој настан, но се појавија видео снимки направени од случајни сведоци на настанот. На паркингот речиси дошло до пиштолџиска престрелка меѓу Кемп и непознато лице во соседниот автомобил.
Сѐ се случило во раните попладневни часови во средата, а четири часа по настанот Кемп бил уапсен со уште неколку лица откако на местото на настанот било пронајдено огнено оружје.
Додека играше за Сиетл СуперСоникс, од 1989 до 1997 година, Кемп беше еден од најдобрите крилни центри во лигата, а многумина го нарекуваат иницијатор на лудите забивања во НБА. Со Пејтон и друштвото, тој се настапи за Сиетл во едно големо финале кога доминираа Чикаго Булс и беа подобри од СуперСоникс.
По Сиетл играше и за Кливленд Кавалирс, Портланд Треил Блејзерс и Орландо Меџик, а во кариерата играше на 6 Ол-стар натпревари, додека трипати беше биран во втората најдобра петорка на лигата.
Сиетл СуперСоникс денес не постои откако во 2008 година франшизата се пресели во Оклахома каде стана Оклахома Сити Тандер.