Во текот на посета на Киев, славниот холивудски актер и режисер Шон Пен му го даде освоениот Оскар на украинскиот претседател Володимир Зеленски и му порача да му го врати кога Украина ќе победи во војната со Русија.
„Тоа е само симболична, смешна работа. Кога ќе победиш, врати ми го во Малибу“, се пошегува актерот.
Пен снима документарец во Украина, а ова му е трета посета на земјата од почетокот на војната. Зеленски му врачи Орден за заслуги за подобрување на односите, за поддршка на територијалната целина на Украина и за помош во популаризација на земјата.
Инаку, Зеленски кој е поранешен комичар и актер, во вечерното обраќање порача дека Пен има направено сè за да им помогне да соберат меѓународна поддршка, откако го посети Киев на денот на инвазијата.