Шон Пен не жали за интервјуто со Ел Чапо

Актерот Шон Пен изјави дека не жали за интервјуто со наркобосот Хоакин Ел Чапо Гозман, во текот на тајната посета на Мексико во октомври која потоа доведе до негово апсење. На прашањето за фотографиите на кој се гледа како со актерката Кејт дел Кастиљо се на аеродром пред да се сретнат со Ел Чапо, актерот вели дека нема што да крие.

Наркобосот е приведен во петок по повеќе од три месеци откако се сретна со Шон Пен во централно Мексико и шест месеци откако побегна од затвор.

Шон Пен не одговорил директно на прашањето дали е во ред што својата приказна му ја дал на Гузман за авторизација, пред да ја објави, и дали ги преземал сите безбедносни мерки за да го заштити својот извор. Тој претходно изјави дека стравувал од можноста властите да го следат неговото патување, но воопшто не бил свесен колку блиску го следеле.

Мексиканскиот весник El Universal објави фотографии на кои се гледаат Пен и Дел Кастиљо како пристигнуваат на аеродромот во октомври, како седат со адвокатите на Ел Чапо, и како се сретнуваат со човекот кој ги носи до мала писта од каде заминуваат во Кампот на наркобосот, длабоко во џунглата.

Според весникот, фотографиите биле дел од досието на мексиканската разузнавачка служба која го следела целиот случај.

Гузман е на чело на наркокаретелот Синалоа кој шверцува огромни количини кокаин, марихуана, метамферамин и хероин во САД. Бегството на Ел Чапо во јули од мексиканскиот затвор, ги посрамоти мексиканските власти и го наруши нивниот однос со американските власти.

Властите соопштија дека успеале да го лоцираат Гузман благодарение на интервјуто што со него го направил американскиот актер Шон Пен. Репортажата и интервјуто беа објавени во американскиот магазин Rolling Stone.

 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Read more

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Read more

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе